6.6 C
Скопје
03:52 - 1 април, 2026

Колку богатство може да изгуби Сталоне со разводот? Не склучил предбрачен договор

Сталоне е во опасност да го загуби добар дел од богатството поради разводот, бидејќи не склучил предбрачен договор со сопругата. 

Актерот Силвестер Сталоне може да изгуби добар дел од своето богатство како последица на разводот од сопругата, манекенката Џенифер Флавин, бидејќи предбрачен договор меѓу нив не бил склучен, пренесува TMZ.

Постапката за развод на Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин продолжува и покрај гласините за помирување на сопружниците. Сталоне и Флавин одлучиле да ги прекинат правните постапки со цел приватно да разговараат за финансиската страна на прашањето.

„Страните се согласуваат дека е во нивен најдобар интерес, поединечно и уште поважно, колективно како семејство, да ги решат сите прашања поврзани со раскинувањето на нивниот брак на достоинствен, пријателски и приватен начин, надвор од судот“, стои во документите објавени од Тмз.

Кон крајот на август годинава во медиумите се појави информација дека Џенифер Флавин поднела барање за развод од Силвестер Сталоне по 25 години официјален брак, обвинувајќи го актерот за трошење на семејниот буџет. Новинарите сугерираа дека парот се развел поради ротвајлерот по име Двајт, но Сталоне ја демантираше оваа гласина. Тој објасни дека вќе тргнале „во различни насоки“, но подеднакво нагласи и дека не ги потрошил нивните заеднички заштеди.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....