20 C
Скопје
04:20 - 22 јуни, 2026

Колешката на Ал Пачино го нарече „напален старец“, заедно со Де Ниро и Мардок: „Антиквитети кои не вредат за парите, а не престануваат да се размножуваат“

Славните постари мажи како што се Руперт Мардок, Ал Пачино, или од калибарот на Роберт де Ниро ја имаат таа вековна традиција да излегуваат со многу помлади жени, но, тоа не е сè, имајќи ги сите тие пари и моќ ги прави да се чувствуваат дека е сосема нормално да продолжат да „прават“ деца на „стари години“. И додека фановите на легендарниот глумец Ал Пачино се радуваат на веста за раѓањето на неговото дете, некои – и тоа како – критикуваат.

Една гласа критичарка е Челзи Хендлер која сака овој тренд да престане. Поранешната водителка и комичарка покажа високо ниво на омаловажување за мажите кои ги имаат овие практики. Таа се погрижи да пренесе порака што ги натера нејзините следбеници да веруваат дека имаме работа со морничави старци.

Хендлер овој тренд го нарече епидемија на „напален старец“. Ова се случува со генерации, не е ново, но тоа не го прави помалку брутално, според комичарката.

На врвот на листата, таа го именува Илон Маск како најмлад, но со најмногу деца од овие четворица мажи, поточно со 10 деца. Ал Пачино штотуку го дочека своето четврто дете со 29-годишната девојка Нур Алфалах. Де Ниро неодамна го дочека седмото дете со партнерката Тифани Чен (45). „Старчето“ Руперт Мардок има шест деца и Алек Болдвин 8.

„Од сите петмина од овие мажи, Илон Маск е единствениот кој отворено прифаќа дека „прави“ деца поради, според него, неминовниот колапс на населението што се случува. Финтата овде е што Илон Маск не ги брои земјите во развој кога зборува за ова прашање. Ако ги броите овие нации, тогаш имаме сериозен проблем со популацијата“, вели комичарката.

Еве што неодамна изјави Челзи Хендлер во видео споделено минатата среда на нејзините социјални мрежи:

„Епидемија ја зафати земјата и, не, тоа не е уште еден вирус, тој е полош. Напалени старци кои нема да престанат да го шират своето семе. Да почнам со овие четворица напалени старци кои никогаш не употребиле кондом зашто не им се допаѓа. Тие не можат да престанат да се размножуваат. Всушност, можеби сите овие старци треба да се стават на аукција. На крајот на краиштата, тие се антиквитети. Напалени старци – никогаш не вредат за парите“.

Ал Пачино го слави раѓањето на бебето со младата Нур Алфалах: Полот и името на новороденчето не се откриени

Слични објави

Лидија Вукиќевиќ по долго време проговори за партнерот: „Никогаш не дозволив во мојата куќа да влезе некој со кого ќе си легнам во кревет“

E.A.

Бидете уникатни – подарете рачно изработени свеќи инспирирани од убавината на природата

Еспресо

Погребана мајката на Бајага  — jа преживеа голготата во Јасеновац, а музичарот само еднаш проговори за тие стравоти

E.A.

Неделен хороскоп од 21 до 28 јуни: Рибите ќе имаат одлична динамика во љубовниот живот, Биковите ги очекува авантура

Т.Ц.

Мајката на Нина Бадриќ со коментар за Јаков Јозиновиќ: „Не можеш ни да замислиш што му значи ова…“

E.A.

„Најгорда сум на светот“: Јована Јеремиќ влезе во рингот кај Тигарот и му посвети емотивна порака

E.A.
Се вчитува....