18:06 - 5 декември, 2025

Која е Анџелина Манго, победничката на Санремо: Детство на „леб и музика“, ќерка на славни родители, драматична смрт на татко ѝ…

Која е победничка на 74-тото издание на фестивалот Санремо?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Mango (@angelinamango_)

Многу младата музичарка, Анџелина Манго е родена во Маратеа, во провинцијата Потенца, во април 2001 година. Презимето, како што сите во Италија знаат, е тешко да се носи уште од детството за Анџелина, која како родители може да се пофали со двајца големи пејачи, влијателни во италијанската музика. Од една страна, мајката Лаура Валенте, поранешна вокалистка на прочуената италијанска поп група Матиа Базар, од друга страна – таткото – легендарниот Пино Манго.

Музиката отсекогаш била секојдневен леб дома за Анџелина и нејзиниот брат Филипо кои се израснати со нотите секогаш присутни речиси во сите простории, благодарение на нивните родители. Анџелина ја започнала својата музичка кариера многу рано, уште од 15-годишна возраст кога почнала да ги компонира своите први песни.

„Дома постојано правевме музика“, се сеќава младата девојка, која во 2016 година го напуштила домот за да се пресели во Милано за да го следи својот сон.

Но, главна пресвртница во животот на Анџелина Манго е 8 декември 2014 година. Во Поликоро, за време на добротворен концерт во Пала Ерколе, нејзиниот татко Пино Манго добива срцев удар  додека изведувал песна на сцената. Во тие драматични моменти публиката била сведок на последните мигови од животот на Манго, кој за жал починал веднаш штом го извлекле зад сцената. Анџелина тогаш имала само 13 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Mango (@angelinamango_)

„Почнав да пишувам песни на италијански во 2015 година и за жал не можев да добијам совет од него“, се сеќава таа за минатото.

Трагедијата ги шокирала Анџелина и нејзиното семејство, но тоа не било доволно да ја оддалечи од музиката.

Преселбата во Милано две години по смртта на нејзиниот татко ѝ помогнала да го оствари својот сон кој во 2020 година се чинеше дека ја изневери – беше отфрлена од жирито на Санремо и не успеа да стигне до финалето.

Во меѓувреме, сепак, пристигнува соработката со Тицијано Феро, кој ѝ ја доверува песната „Walkman“ во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Mango (@angelinamango_)

Но, пресвртот дојде во 2023 година, со учеството во талент шоуто на Марија Де Филипи „Амичи“. Таа ја освои наградата победник во категоријата пеење, и така вратите на светот на естрадата и се отворија. Прво дојде хитот „Ci pensiero a fa’“, потоа „Che t’o dico a fa’“ – и двата со со милиони стримови.

Така, победата на Санремо ѝ доаѓа како логично продолжување на успехот кој Анџелина го нижеше минатата година.

(Видео) По десет години жена победи на Санремо: Анџелина Манго оди на Евровизија

Слични објави

Карлеуша повторно во „Гранд“! Вдовицата на Саша Поповиќ ја наговорила на тоа, сите трогнати од зборовите на ЈК

Еспресо

Тони Зен стана татко по вторпат: Раперот даде невообичаено име на ќерката!

Еспресо

Весна Змијанац заврши на Ургентен центар: Ѝ се влошило здравјето, останува на болничко лекување

Еспресо

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо
Се вчитува....