07:03 - 10 ноември, 2026

Која е 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски: Убавицата ја красат повеќе таленти

Лазар Ристовски призна дека е среќно вљубен во 39 години помладата колешка Аница Лазиќ.

Српскиот популарен глумец Лазар Ристовски ги изненади сите кога по 42 години заеднички живот со сопругата Даница, соопшти дека се развел. Од бракот има два сина. Сега пак, Ристовски повторно шокираше кога призна дека е во врска со 39 години помладата од него колешка Аница.

Но која е Аница?

Познато е дека е глумица во подем, а со Лазар веќе глумела заедно во „Дрим Тим“, а сега и во серијата „Попадија“. Моментно е ангажирана како глумица на филм „Руски конзул“ кој се уште се снима.

Аница студирала психологија во Италија, поточно во Падова. Освен тоа, таа завршила и музичко училиште во Белград, па изгледа дека е талентирана за повеќе области во уметноста.

До сега снимила и неколку телевизиски и Јутјуб реклами, па може да се каже дека е активна и присутна во сите сфери на јавниот живот. Препознатлива е и по својата природна убавина.

На социјалните мрежи со Лазар до сега објавила само една фотографија, и тоа од снимањето на „Дрим тим“, но тогаш никој не ни претпоставуваше дека двајцата и приватно се зближиле.

инстаграм

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....