07:03 - 10 ноември, 2026

„Мислев дека нема да преживеам“: Марија Шерифовиќ завршила во болница поради диета

Српската пејачка Марија Шерифовиќ неодамна го објави својот нов студиски албум „Dolazi ljubav“, а поради снимањето на музичките видеозаписи морала да биде на ригоризна диета за да ослабе.

„Јас бев на исклучително строга диета пред почетокот на снимањето на спотовите. тоа траеше 22 дена. На ред дојде првиот спот за песната ‘Pola sunca’, која ја снимив со мојот колега Матија Цвек, а потоа нашите пријатели ни испратија кетеринг, на кој имаше многу вкусни уштипци“, изјави Шерифовиќ во емисијата „Блиц дан“.

Пејачката споделила дека морала итно да оди на лекар поради „страшни болки“.

„Изедов еден, си дојдов дома, а следниот ден требаше да снимам спот за друга песна. Заспав некаде околу 23 часот, а околу еден по полноќ ме разбудија страшни болки во пределот на стомакот. Морав да повратам, па отидов во дежурната служба, сите добро знаеме за што се работи. Едвај задремав накај 3 и пол часот. Меѓутоа, во текот на ноќта се разбудив и бев бледа како партал. Ми донесоа инфузија, клометол… Не знам ни што ми направија, тоа беше, можеби, еден од најтешките денови во мојот живот. Мислев дека нема да преживеам“, раскажала таа.

Јелена Карлеуша ја отследи Марија Шерифовиќ на Инстаграм: Еден потег многу ја погодил

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....