11:09 - 12 ноември, 2026

Кој ќе биде новиот Индијана Џонс по Харисон Форд?

Петтото продолжение на Индијана Џонс во кое главната улога ја има Харисон Форд ќе излезе во кината во јуни 2023 година. Дали тоа ќе биде последниот филм на Харисон Форд во сагата Индијана Џонс?

Индијана Џонс 5 би требало да го претставува големото збогување на Харисон Форд со познатиот авантурист – археолог. Актерот во јули ќе наполни 80 години и изгледа дека е тешко да се смисли нова авантура со камшик, на тие години. Кој ќе го заземе неговото место?

Веќе се во оптек разни теории за Индијана Џонс 5. Се зборуваше и за скок во минатото, што ќе даде можност да се претстави новиот протагонист на следните филмови. Всушност, триесетгодишна верзија на главниот лик (Форд), кој би им овозможил на фановите да уживаат во нови авантури.

Дали навистина ќе има нов Индијана Џонс? Одговорот дојде од Кетлин Кенеди, претседателка на Лукасфилм, која објасни дека да се најде глумец кој би ги „облекол“ чевлите на Харисон Форд е речиси невозможна мисија. „Замислете некој да го игра Итан Хант наместо Том Круз, како би го прифатиле тоа?“, праша Кетлин Кенеди.

Таа објаснува и дека посто можност, со нов 30-годишен глумец да се направи серија Индијана Џонс, или пак, да има женска верзија на франшизата на филмот. Се зборува дека можеби Фиби Волер-Бриџ би ја добила главната улога, но останува да видиме.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....