-2.2 C
Скопје
22:57 - 21 ноември, 2024

Кој е Мохамед Бин Салман, принцот на интригите и скандалите: Тежи 13 милијарди фунти, оженет за роднина, сопственик на англискиот фудбалски клуб „Њукасл“…

По првиот поздрав меѓу двајцата лидери, Џо Бајден го „предизвика“ саудискиот престолонаследник за убиството на новинарот во 2018 година. Одговорот беше: „Ние не сме вклучени во атентатот. И САД да не се мешаат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Voice of America (@voanews)

Убиството на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги беше во фокусот на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Саудиска Арабија. Всушност, кога се сретна со престолонаследникот Мохамед Бин Салман во Џеда, Бајден навести дека таа ужасна смрт недвосмислено ѝ тежи на арапската монархија. Бин Салман, како одговор, рече дека „не е одговорен за убиството“ на новинарот на „Вашингтон пост“ во 2018 година, додавајќи дека САД не треба да се мешаат во овој случај: саудиската телевизија Ал-Арабија, цитирајќи извор од владата на Ријад ( под услов на анонимност), според кој „наметнувањето вредности со сила создава контрапродуктивни резултати“. Истиот извор објаснува дека саудискиот престолонаследник го уверил американскиот претседател дека Ријад ги „презел неопходните мерки во врска со случајот Кашоги“. Во исто време, продолжува изворот, и Соединетите Американски Држави направија грешки, за што сведочи на пример случајот со затворот Абу Граиб во Ирак, кој стана меѓународно познат по скандалот со мачени затвореници, кој се појави во 2004 година. Официјален претставник ја наведува и смртта на палестинската новинарка на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, добро позната во арапскиот свет, убиена во израелска рација на Западниот Брег во мај, пренесува раињуз.

Накратко, не баш срдечна атмосфера, онаа што ја најде славниот гостин на Арапскиот Полуостров, за првата посета како претседател на арапскиот регион. Бајден беше нападнат во Соединетите Држави од самите демократи и од Вашингтон пост за „морална ерозија“ при изборот да се „стисне“ раката на некој што американските разузнавачи го сметаат за поттикнувач на хомоцид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Voice of America (@voanews)

Но кој е Мохамед бин Салман?

Роден на 31 август 1985 година, Мохамад бин Салман е престолонаследник на Саудиска Арабија, втора најважна позиција во земјата по кралот. Колоквијално наречен МБС, тој е син на кралот Салман, но всушност е најважната и највлијателната личност во Кралството, бидејќи неговиот татко боледува од Алцхајмерова болест. Бин Салман ја доби функцијата летото 2017 година по борбата за власт со неговиот братучед Мохамад Бин Најеф, првично назначен за престолонаследник, но подоцна отстранет од сите позиции и тала стана министер за одбрана и вицепремиер на земјата.

Имено,  кралот Салман на прво место во редот за тронот постави човек близок до Вашингтон, кој претходно во Белата куќа се сретна со претседателот на САД Доналд Трамп.

Од 2015 година, името на Мохамед бин Салман стануваше се почесто во меѓународните вести, откако неговиот татко Салман бин Абдулазиз ал Сауд го презеде тронот. Шеикот е предодреден да се искачи на тронот по директна линија на наследување.

Откако дипломирал право во 2009 година на Универзитетот Крал Сауд, добил различни позиции во „владините“ комитети, а потоа станал специјален советник на неговиот татко. Неговата најважна задача, сепак, дојде во 2015 година, кога беше назначен за министер за одбрана, што доведе до екстремно агресивна надворешна политика.

Во 2016 година, Мохамед бин Салман ја претстави Визија 2030, план кој има за цел да го направи Саудиското Кралство независно од нафтата преку обезбедување на важни реформи во земјата.

Откако ја презеде функцијата престолонаследник, Бин Салман започна масовна антикорупциска кампања, апсејќи околу 500 луѓе, затворајќи 2.000 национални сметки и таргетирајќи парични средства во вредност од околу 600 милијарди фунти. Тој, исто така, рече дека сака Саудиска Арабија да стане земја на умерен ислам. Сепак, беше критикуван за зголемените ограничувања на слободата на печатот, особено по убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул. Всушност, во 2018 година, принцот беше вмешан во уште еден голем скандал што покрена неколку меѓународни критики. Мохамед бин Салман беше обвинет за убиството на новинарот на Вашингтон пост Џамал ​​Кашоги. Репортерот бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул додека вадел документи.

Контроверзиите на принцот не стивнуваа и понатаму, по двегодишни преговори, Комисијата за контрола на Премиер лигата му даде зелено светло на Фондот за јавни инвестиции (PIF), со што дозволи Мохамед бин Салман, да купи 80% од англискиот клуб Њукасл, а со влегувањето на богатиот султан, Њукасл стана еден од најбогатите клубови во светот. Според британскиот печат, се чини дека англискиот клуб е продаден за цифра која би требало да изнесува околу 360 милиони евра.

Се ожени со роднина

На 6 април 2008 година, МБС се ожени со својата прва роднина по татко, Сара бинт Машур. Принцезата Сара е ќерка на вујкото на принцот, Машур бин Абдулазиз Ал Сауд. Имени, Машур бин Абдулазиз е брат на таткото на принцот, кралот Салман бин Абдулазиз

Двојката има пет деца: три момчиња и две девојчиња.

Тежи најмлаку 13 милијарди фунти

Нето богатство на Бин Салман се проценува на околу 13 милијарди фунти. Овој податок го става малку зад сопственикот на Мен Сити, Шеик Мансур, за кој се вели дека има богатство од 17 милијарди фунти.

Како и да е, Бин Салман стои зад богатството на целото саудиско кралско семејство, со вкупна нето вредност што се проценува на 1,3 трилиони фунти.

За споредба, нето вредноста на кралското семејство во Абу Даби, кое го поседува градот, се верува дека тежи околу 500 милијарди фунти.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....