7.8 C
Скопје
08:14 - 24 март, 2026

Кој е Хади Матар, напаѓачот на Ружди? „Либански шиит“, на лажна возачка го користел името Мугнија – воениот командат на Хезболах

Хади Матар, 24, роден во Калифорнија, е поддржувач на иранските пасдарани.

Хади Матар, 24-годишното момче од Њу Џерси кој вчера во државата Њујорк го избоде писателот Салман Ружди, има либанско потекло, но никогаш не стапнал во Либан, пишува бејрутскиот весник на француски јазик Ориент ле Жур, повикувајќи се на градоначалникот на Јару, селото од каде потекнува неговото семејство, на југот на земјата.

Градоначалникот Али Касем Техфе изјави дека родителите на Хади Мартар се разведени и дека престојуваат во Соединетите Држави „веќе 30 години“ и дека повеќе немаат роднини во Либан.

Според првите анализи на неговите профили на социјалните мрежи, Матар е симпатизер на екстремистичките шиитски групи и Чувари на исламската револуција, велат истражните извори за Nbcnews. Иако сè уште нема докази за поврзаност на Матар со пасдаранот, но во неговиот мобилен телефон, истражителите наводно пронашле фотографии од Касем Солемани, легендарнот командант задолжен за најтајните операции на Чуварите на револуцијата, убиен во американски напад во Багдад во 2020 година.

Либанскиот директор за општа безбедност Абас Ибрахим, цитиран од весникот Ориент ле Жур, од своја страна пак, изјави дека „засега не знае“ дали Хади Матар е со либанско потекло или не.

„Во моментов не знаеме дали има либанско потекло. Ни требаат повеќе информации за него за да го одредиме неговиот идентитет. Американците сè уште не нè контактирале за тоа“. „Но, во принцип“, додаде тој, овој инцидент не треба да влијае на Либан“.

Ориент ле Жур потоа го цитира францускиот исламолог Ромен Каје, кој го претставува Матар на Твитер како „либански шиит на Хомеинистичката послушност“, исто така наведувајќи дека Матар „користел лажна дозвола и изборот на името е елоквентен за оние кои го познаваат исламскиот шиит и Хезболах: Хасан Мугнија…“. Тој е вистински Мугнија како Имад Мугнија, воениот командант на Хезболах убиен во 2008 година во Дамаск.

 

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....