Пејачот Драган Величковски -Тајзи се потсети на тежок период од животот кога неговата мајка се разболела од тумор на главата, а татко му бил во притвор. Во исто време, тој се соочувал и со финансиска неизвесност и размислувал да замине во странство.
Тајзи во поткастот на Стефан Лазаров раскажа дека во тој период веќе ги имал подготвено демо-верзиите на песните за својот албум, но поради семејната ситуација и неизвесноста околу иднината размислувал да се откаже од плановите и да замине од Македонија.
„Јас се соочувам со една друга животна ситуација. Мајка ми се разболува од тумор на главата, а татко ми во тој момент беше во притвор. Јас бев многу разочаран од државава, многу разочаран од сè што се случуваше околу мене. Се прашував дали финансиски ќе можам да одговорам на целиот тој момент, а го имав спремено овој албум. Пред да отидам во ‘Иноватива’, јас ги имав сите овие песни направено како демо-верзии. И сакав да заминам во странство“, раскажа Тајзи.
Тој вели дека пресуден бил разговорот со Марко Маринковиќ-Слаткаристика, кој го убедил да остане и да продолжи да се занимава со музика.
„Седнувам со Марко на муабет и му го кажувам ова. И ги памтам зборовите на Марко: ‘Еј, сега ти, друже, никаде нема да одиш’. Го слушаше албумот, му ги пеев сите песни, му го испеав целиот албум и ми кажа: ‘Ти никаде нема да одиш, ќе правиш музика, ќе бидеме тука каде што ќе бидеме и те молам да разговараме за договор и да потпишеме со „Иноватива“ и да градиме заедно кариери’. Животот му даде, бидејќи беше многу несебичен. Многу ретко кај нас можеш да сретнеш луѓе што се несебични и што ќе ти помогнат. Одеше со мене кај секој продуцент за да го убеди дека треба да ми прави песни“, рече Тајзи во поткастот за Слаткар.
За тешкиот семеен период Тајзи зборувал и порано. По неговиот прв солистички концерт во Универзална сала беше објавено дека тој пред публиката емотивно зборуваше за своето семејство и кажал дека татко му бил во затвор, а мајка му боледувала од тумор. Тогаш раскажа и дека растел скромно и дека е многу приврзан за родителите и за сестра си.
Во истиот период Тајзи ја градеше соло-кариерата во соработка со „Иноватива“, тимот на Слаткаристика. Неговиот прв соло албум „Нешто поинакво“ беше промовиран во 2013 година, а медиумите тогаш пишуваа дека песните за албумот ги подготвувал околу две години.
Слични објави
Ивана Селаков со години се борела за потомство, а потоа следувал нов предизвик со ќерката: „Четири години не јадеше нормално“
Наместо романтична порака, апарат за притисок: Тања Кочовска во свој стил ја одбележа годишнината од бракот со Предраг
Се вчитува....
