05:50 - 12 април, 2026

„Клеопатра ми ја предвиде болеста“: Синиша Михајловиќ во книгата ја опиша средбата со најпознатата балканска пророчица

На 54-годишна возраст почина фудбалерот Синиша Михајловиќ

Книгата на Синиша Михајловиќ „Натпревар на животот“ (Утакмица живота) излезе од печат во 2020 година, а во неа фудбалерот откри дотогаш непознати работи.

Во едно поглавје од книгата, Синиша наведува дека Клеопатра, популарна пророчица од 90-те му ја предвидела болеста. Михајловиќ вели дека сè започнало кога Клеопатра му ја предвидела иднината на соиграчот Владан Лукиќ, кој ѝ донел фотографија од шампионскиот тим на Црвена звезда на која бил и Синиша.

Подоцна, како што пишува во книгата, Лукиќ му ги пренел зборовите на Клеопатра на Михајловиќ, која му рекла дека Синиша ќе се разболи на подоцнежна возраст.

„Во рок од седум дена ќе доживее несреќа, по што ќе има сериозни проблеми дома“ – наводно му рекла Клеопатра на Лукиќ, покажувајќи со прстот кон Михајловиќ.
Синиша не верувал во гатањето на пророчицата што му го кажал Лукиќ. Но, сè се променило кога четири дена подоцна доживеал сообраќајна несреќа. Во неговиот автомобил удрило друго возило, но сето тоа завршило без поголеми последици.

Се сетил и на нејзините зборови за проблемите дома кога се скарал со родителите, а татко му страдал од несоница. Потоа сериозно ги сфатил зборовите на Клеопатра и решил да ѝ се обрати.

„Ќе имаш многу деца, повеќе од четири, но едното нема да живее со тебе (најстариот син на Мхајловиќ, Марко, живее со мајка му, додека тој има пет деца од бракот со Аријана)“, му гатала Клеопатра. „Ќе играш во Италија и ќе останеш таму долго време“, продолжила понатаму.

„На 50 години тешко ќе се разболиш“, му рекла.

За жал, Синиша не успеа да ја победи порочната болест и почина вчера во Рим.

Приватниот живот на Синиша Михајловиќ: Која е преубавата сопруга Аријана и двете ќерки убавици кои се во прегратки на фудбалери – „твојата душа останува тука…“

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....