7.8 C
Скопје
23:56 - 31 март, 2026

Клара Чиа Марти итно хоспитализирана! Девојката на Пике доживеала силни напади…

Клара Чиа Марти, 23-годишната моделка и вработена кај фудбалерот во агенцијата за оганизирање настани, одговорна за ставање крај на врската меѓу Шакира и Жерар Пике по 10 години заеднички живот во кој се родија две деца, итно е хоспитализирана.

Не така одамна, девојката и поранешниот фудбалер ја официјализираа својата љубов на социјалните мрежи, со нежна заедника селфи фотографија, но сега – според шпанскиот неделник „Ел Периодико“ – Клара завршила во болница во Барселона поради силен напад на анксиозност.

инстаграм

Во последните денови шпанските весници известуваа дека младата (и на некој начин неискусна) Клара Чиа Марти, по непријатните ситуации со кои секојдневно се соочува, станала жртва на панични напади, со оглед на фактот дека таа беше протагонистка на една од најбучните разделби во последно време, а луѓето ја нарекуваат „уништувачка“ . Вчера и завчера пак, вшпанските медиуми известија дека Клара е сега добро и дека ги надминала паничните напади со посети на психијатар, но тукушто стигнува веста од Ел Периодико дека девојката е итно хоспитализирана!

Клара Марти ја плати цената на популарноста, со тоа што само за неколку недели од совршен странец стана „злобна уништувачка на семејство“ познато низ целиот свет.

Пред Клара и Пике се се уште бројни пречки за надминување, а очигледно младата убавица не може да се справи со тоа. Покрај хејтерите, медиумскиот притисок и песната – хит на Шакира (во која и двајцата ги „оцрнува“), проблеми имаат и со децата на Пике. Имено, најстариот син Саша не го прифатил добро присуството на новата девојка во животот на тато му.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....