8.8 C
Скопје
11:28 - 1 април, 2026

Килијан Марфи се надмина себе за улога во филм: „Јадеше само еден бадем на ден“

Многу холивудски актери, како Кристијан Бејл (познат по својата сестраност и физички трансформации за неговите улоги), но и како Рене Зелвегер за улогата во хит филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“, одамна покажаа колку далеку се подготвени да одат за добра филмска улога. Не им беа непознати ниту гладувањето, ниту прејадувањето, за визуелно да се доближат до улогата. Некои дури и престојуваа во психијатриски установи, затвори и слично и таму поминуваат време за да сфатат низ што поминуваат луѓето во одредени ситуации и моменти, се за добра глума.

А во таа група актери дефинитивно е и ирскиот актер Килијан Марфи, познат по главната улога во хит серијата „Peaky Blinders“, како и по новиот филмски блокбастер „Опенхајмер“.

Како што откри неговата колешка Емили Блант (која ја игра неговата сопруга во филмот), во последното интервју за „Екстра“, Килијан одлучил да направи целосна физичка трансформација за овој филм, а на крајот станал исклучително слаб.

– Имаше таков монументален потфат. А можеше да јаде само по еден бадем на ден. Беше толку млаксан“, откри Блант.

Иако 47-годишниот Марфи не потврди јасно дека Емили е во право, неговите изјави силно навестуваа дека таа не е далеку од вистината.

– Сакам да го користам своето тело во глумата, а Опенхајмер имаше многу јасна силуета која сакав да ја постигнам. Морав многу да ослабам бидејќи тој беше многу слаб. Живееше од мартини и цигари, објасни Марфи.

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....