7.8 C
Скопје
20:55 - 1 април, 2026

KIKO Milano на официјалното отворање во „Ист Гејт Мол“ порачаа: „Животот нека биде во боја“

„Животот нека биде во боја“ е пораката на омилениот италијански бренд за шминка KIKO Milano, обожуван од милиони жени ширум светот. Во присуство на познати личности, инфлуенсери и шминкери, во „Ист Гејт Мол“ конечно се отвори првата специјализирана продавница на козметичкиот бренд KIKO Milano, под закрила на модната групација „Фешн Груп“.

фото: KIKO Milano
KIKO Milano

Без разлика дали сакате да го истражите новиот свет на убавината на KIKO, барате совршен производ за нега на вашата кожа или пак сакате да ја направите најмагичната фотографија за на Инстаграм, талентираните и професионално обучени шминкери ќе ви помогнат да ги откриете најновите трендови и да доживеете незаборавно KIKO Milano искуство.

фото: KIKO Milano

– Драги наши дами, во оваа нова козметичка оаза ќе пронајдете повеќе од 2.000 производи кои чекаат на вас, но и едно сосема поинакво шопинг искуство, сега, потпомогнато од советите на вистинските професионалци. Продавницата е целосно дизајнирана за да одговори на сите ваши потреби и желби од различна возраст, благодарение на неверојатно квалитетните производи кои секогаш порачуваат да бидете она што сакате да бидете. Како компанија, повеќе од драго ни е што добивме навистина позитивен фидбек за новиот член на нашето семејство, а ви ветуваме дека токму тука секоја дама ќе успее да ја комплетира својата визија за вистинската убавина, посочи на отворањето маркетинг-менаџерот на групацијата, Јордан Колевски.

фото: KIKO Milano
фото: KIKO Milano

Компанијата КIKO Milano е основана во 1997 година во Милано, Италија, од Стефано Перкаси и неговиот татко Антонио Перкаси, и до денес достигнува револуција во козметичкиот свет. KIKO ги идентификува главните трендови за убавина и ги прави достапни за сите. Комбинирајќи го квалитетот и креативноста, вкоренети во нивната италијанска крв, KIKO ги освојува и најпребирливите кога станува збор за убавината, благодарение на бескрајната палета на нијанси, тонови и текстури. Денес, брендот има над 900 продавници и е достапен на повеќе од 30 пазари ширум светот.

фото: KIKO Milano

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....