10.8 C
Скопје
18:37 - 24 март, 2026

Кевин Костнер: Екс-сопругата „бара пари за пластични операции, а не за издршка на децата“

Американскиот актер Кевин Костнер (68) ја обвинува сопругата Кристин Баумгартнер дека бара речиси 250.000 долари месечно за издршка за себе, а не за нивните деца, пишува US Weekly.

Костнер во судските документи тврдел дека неговиот сметководител открил дека Кристин троши над 100.000 долари на козметички хируршки процедури (месечно) – и тоа е „вистинската причина“ што таа бара многу пари за разводот.

Тој исто така тврди дека Баумгартнер потрошила илјадници долари за купување во бутици, повлекувла огромни суми од банкомати, трошела без усул за адвокати, адвокатски такси и други трошоци кои „немаат“ врска со нејзините деца.

Таа пак тврди дека бара 250 илјади долари месечно за издршка на децата.

Дизајнерката на чанти, која одгледува три деца со Костнер, претходно тврдеше дека 248.000 долари месечно што ги бара се „помалку од она што е потребно за поддршка на децата за нормален начин на живот“.

Таа, исто така, тврдеше дека „нема сопствени приходи“ и дека „седи дома“ од 2007 година, кога се роди нејзиното најстаро дете.

Сепак, Кевин Костнер во новите судски документи рече дека смета дека 51.940 долари месечно што моментално ги плаќа се „разумна“ сума. Тој, исто така, плаќа 100 проценти здравствено осигурување на децата, нивните воннаставни трошоци, го плаќа и приватно школување на Грејс и трошоците за автомобилот на Кејден.

Баумгартнер поднесе барање за развод во мај по 18 години брак, наведувајќи ги „непомирливите разлики“.

Слични објави

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....