5.8 C
Скопје
04:48 - 1 април, 2026

Кетрин Зита Џонс со досега необјавени фотографии му го честиташе роденденот на својот син Дилан

Во семејството на познатиот холивудски пар, Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс, деновиве повторно се слави. Откако во мај магистрираше на Универзитетот Браун, Дилан Даглас овој понеделник го прослави својот 22. роденден, а неговите славни родители решија да го одбележат со емотивни објави на Инстаграм.

„Радоста која досега ја донесе на овој свет е неизмерна, те сакам повеќе отколку што може да се опише со зборови“, стои во објавата на Инстаграм на Велшанка упатена до нејзиниот син Дилан, по повод неговиот 22. роденден. Заедно со емотивниот опис, 52-годишната актерка сподели неколку досега необјавени фотографии од нејзиниот син Дилан од неговото детство, а во нејзините добри желби и се придружи и нејзиниот сопруг Мајкл.

Славниот оскаровец му посака роденден со фотографии направени на неодамнешната церемонија на дипломирање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

Покрај синот Дилан, славниот холивудски пар ја има и 19-годишната ќерка Керис, која неодамна заврши средно училиште и како и нејзиниот постар брат реши да продолжи на престижниот универзитет Браун.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....