5.8 C
Скопје
07:04 - 1 април, 2026

Ќерката на Ким Бесинџер и Алек Болдвин отворено призна низ што поминувала: Гладував, пиев и се уништував

Американската манекенка Ајрланд Болдвин проговори за зависностите со кои се борела. Таа минувала низ вистинска животна драма додека се борела со алкохолот и дрогата. Манекенката учествуваше на Red Table Talk со нејзината мајка Ким Бесинџер и изјави дека нарушувањата во исхраната влијаеле на нејзиниот живот, но и на односот со семејството.

-Го допрев дното, почнав да земам лекови и не можев да престанам да ги пијам. Отидов толку далеку со дрога и алкохол што не можев да спијам – призна таа.

Во еден момент почнала да ги оттурнува најблиските луѓе од себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ireland (@irelandirelandireland)

-Ги изолирав сите мои вистински пријатели, но и семејството. Едноставно немав контрола над ништо во мојот живот. Се борев и со нарушувања во исхраната. Не разговарав со моите родители околу една година. Ги гледав некаде, но толку ми беше срам бидејќи станав зависник. Едноставно станав друга личност. Бев слаба и безживотна – рече таа.

Ајрланд во август 2020 година на социјалните мрежи ја сподели веста дека поминала точно шест години „без анорексија и булимија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ireland (@irelandirelandireland)

-Од мала на интернет ме нарекуваа грда, безвредна и неважна. Тоа не е ништо ново – напиша тогаш таа.

-Со години гладував, пиев, си ја мерев тежината, си го уништував телото затоа што некој „трол“ ми рече дека никогаш нема да бидам слаба и убава како мајка ми. Сега кога го поминав сето тоа страдање, конечно можам да кажам дека сум над сето тоа – додаде таа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....