0.8 C
Скопје
01:35 - 12 март, 2026

Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер открива: Родителите веќе не ми даваат пари, имам сопствен бизнис

Манекенката Ајрленд Болдвин ги отфрли гласините дека нејзините познати родители Алек Болдвин и Ким Бесинџер сè уште ја финансираат бидејќи им откри на своите следбеници на TikTok дека е сопственичка на фирма.

– Моите родители многу ми помогнаа во животот. Тие ми го направија животот многу полесен отколку родителите на многу други луѓе – рече таа во видео на TikTok.

Меѓутоа, Бесинџер сега си го живее својот живот додека Болдвин има многу деца и сопруга за издржување, вели Ајрланд.

Во друго видео таа со своите следбеници сподели со што се занимава моментално.

– Јас сум сопственичка на фирма. Со моето момче отвораме кафуле, вински бар и бутик – рече таа и додаде дека работи и на вдомување кучиња.

Кога корисник на TikTok коментираше на видеото нарекувајќи ја Ајрленд „бебе на непотизмот“, младата претприемачка возврати со друго видео.

– Ништо не е полошо од тоа кога некој ќе се роди во познато семејство и нема да успее. Треба да се признае дека тие врати му се отвориле и дека му било полесно отколку на многу други. Дефинитивно имаш предност кога имаш познати родители – призна Ајрленд.

Таа објасни дека не е тешко да се прифати дека истовремено може да биде привилегирана, но сепак да има одвоен живот од родителите.

„Не се врткам околу нив и не чекам да ми дадат можност да правам работи“, рече таа за Болдвин и Бесинџер, кои се разделија во 2001 година, шест години по нејзиното раѓање.

– Јас сум сво личност и си правам свои работи и знам дека можеби е тешко да се прифати тоа – објасни таа.

Ајрленд неодамна дебитираше со својата нова фризура, за која призна дека и требало долго време за да собере храброст.

– Косата ми е уништена поради долгогодишно избелување и моделирање од мојата 17-та година. Отсекогаш сакав да го направам ова, но се плашев – признала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ireland (@irelandirelandireland)

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....