19:19 - 27 декември, 2025

Кејт Мидлтон учи од кралицата како да се однесува кралски: „Никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“

Војвотката Кејт Мидлтон се подготвува за нејзината идна улога инспирирана од најдобриот можен модел: кралицата Елизабета. Од неа „учи набљудувајќи“, токму од неа го презеде познатото мото „Никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“. Но Кејт, на мудрата животна филозофија на кралицата, ѝ додава „допир на модерност“.

На 40 години, срамежливата поранешна обична жителка на Лондон, Кејт Мидлтон, медиумите се повеќе ја нарекуваат„совршена кралица“ кога Вилијам ќе стане крал. За Кејт-манијата се зборува со години, но на крајот на 2020 година имаше анкета која покажа дека Кејт е попопуларна од легендарната Елизабета Втора. Анкетата на таблоидот Дејли Експрес всушност ја лансираше цврсто во водство како член на кралското семејство најомилена кај луѓето, со 42% од преференциите, наспроти 36% на кралицата. Оваа популарност, во тоа време се објаснуваше со големата хуманитарна посветеност на војвотката од Кембриџ за време на ковид -пандемијата. Секако за Кралицата исходот од анкетата не беше извор на загриженост. Затоа што Кејт покажува посветеност на круната и сака да учи од кралицата.

Сали Бедел Смит, биографот на Елизабета, штотуку објасни за „Пипл“ дека Нејзиното Височество е она што ја инспирира Кејт да се подготви за нејзината идна улога како кралица: „Кетрин учи набљудувајќи, и апсорбира толку многу од деведесет и шесте- годишната кралица“. Иако разликата во возраста од 56 години е голема меѓу нив,  „Кејт и кралицата имаат многу заедничко: и двете се лојални, со стоички став, и дискретни. Кејт е совршено олицетворение на неофицијалното мото кое кралицата ја води низ јавниот живот: „Никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“.

Кејт е инспирирана од кралицата и во однос на стилот, толку многу што често носи накит позајмен од кралицата. Во јавните појавувања Елизабета секогаш носи светли бои, за сите да ја забележат во толпата. „Кејт го следеше примерот, и тоа функционира и за неа“, објасни пријател на војвотката за „Пипл“.

Некои од кралските експерти сметаат дека Кејт „одела на училиште“ кај кралицата. Односно дека Нејзиното Височество ѝ одржала формални „лекции“. Историчарката Сара Гриствуд пак, смета – како што пренесува Пипл- дека кралицата Елизабета ѝ покажувала низ годините на Кејт како треба да се однесува како кралица.  „Кралицата отсекогаш претпочита да прави наместо да кажува. Таа не е навикната да дава строги инструкции. Таа повеќе сака да ја изрази својата гледна точка  подискретно, преку зборовите „Мислам дека би било добро ако…“ . Накратко: Кејт буквално не одела „во училиштето на кралицата“, туку пораснала под нејзино будно око. И знаела да ги цени и прифати нејзините предлози.

Но, Кејт Мидлтон не е само копија на кралицата. Како што објаснува Гриствуд, сопругата на Вилијам, иако е „способна да се усогласи со правилата на кралскиот живот“, таа ја впива античката институција на британската монархија со нејзиниот „личен допир на модерноста“. Кејт и Вилијам, фокусирајќи се на прашања како што се менталното здравје или родителството, што е на прво место за нив (вклучувајќи ја и круната), „играат многу важна улога во пронаоѓањето точка на врска помеѓу круната и темите за кои Виндзор изгледаа речиси рамнодушни. “, објасни поранешен член на кралскиот персонал за „People Royals“. Така сите се согласуваат во едно – кога ќе дојде нивното време, војводите од Кембриџ ќе бидат „идеален кралски пар“.

Слични објави

(Видео) Зорица Брунцлик го поддржа градоначалникот на Бања Лука: Драшко Станивуковиќ се закано со казни до 50.000 евра за настапите на Десингерица

Еспресо

„Ми пукнаа панталоните, а немав други“: Драма пред концерт, Цеца Ражнатовиќ настапи во комбинација позајмена од другарка

Еспресо

Диди Џеј купува куќа на Флорида: Пејачката планира да потроши милиони, соседи ќе ѝ бидат светски ѕвезди

Еспресо

Целосно се повлече: Ѓина Џиновиќ се исклучи од социјалните мрежи, еве што е причината

Еспресо

Еве зошто Милица Тодоровиќ одлучила да зачува матични клетки по породувањето!

Еспресо

Хороскоп за 27 декември: Биковите претерано ќе трошат пари, Вагите ќе нижат успеси

Еспресо
Се вчитува....