Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“Песната на Светлана Цеца Ражнатовиќ, „Вретено“, која се најде на нејзиниот албум „Маскарада“ од 1997 година, и по неколку децении важи за огромен хит. Благодарение на социјалните мрежи, оваа нумера доживеа нова популарност и кај помладите генерации.
Нејзиниот композитор, Александар Милиќ – Мили, неодамна откри дека песната првично била напишана за лутата ривалка на Цеца, Јелена Карлеуша, но дека на негова иницијатива завршила кај Цеца.
„Јас на Јелена Карлеуша ѝ ја направив песната ‘Вретено’. Песната излезе добро, а веќе го завршував албумот на Цеца. Тогаш ѝ се извинив на Јелена и ѝ реков: ‘Види, морам ова да го ставам на албумот на Цеца бидејќи ми се вклопува во проектот, извини, но тебе ќе ти направам балада која ќе трае цел живот’. Јелена во тоа време немаше ниту една безвременска балада и тогаш ја создадов ‘Ко ову драму режира’“, раскажа Мили во подкастот „Восткаст“.
Верзијата на Карлеуша: „Сопругот на Цеца ми ја одзеде песната“
По оваа изјава на Мили, се огласи и Јелена Карлеуша, која го означи покојниот сопруг на Цеца, , како главен виновник за тоа што песната ѝ била одземена.
„Мили ме повика и со плачен глас ми рече: ‘Сопругот на Цеца Жељко ја слушна песната, многу му се допадна и мора да ѝ ја дадеме на Цеца, тебе ќе ти направиме нешто друго’. Тогаш ми ја зеде песната и таа отиде кај Цеца“, тврдеше Карлеуша, додавајќи дека и хитот „39,2“ првично бил пишуван за неа.
Мили повторно ја демантира: „Никој не ми се мешаше во работата“
Сепак, обидот на Карлеуша да се претстави како жртва падна во вода по повторната изјава на композиторот, кој јасно стави до знаење дека нејзините тврдења не се точни.
„Тоа не е точна информација. Никој никогаш не се мешал во албумите што јас ги работам и составувам. Во тој момент ми требаше брза песна за да го затворам албумот на Цеца, со оглед на тоа што веќе ги имав ‘Неваљала’ и ‘Маскарада’. Ми фалеше таква енергија и затоа ја префрлив на нејзиниот албум, а на Јелена ѝ ветив балада која ќе трае вечно“, дециден е Мили.
Со ова, уште еднаш се потврди дека одлуката за славниот хит била исклучиво професионална проценка на авторот, а не резултат на притисок од трети лица.
