5.8 C
Скопје
01:23 - 1 април, 2026

Карлеуша откри зошто се скара со Марија Шерифовиќ: „Ја сакав како родена сестра, а потоа…“

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша првпат отворено проговори за крахот на долгогодишното пријателство со својата колешка Марија Шерифовиќ.

Гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“ на ТВ Пинк, таа без двоумење ја раскажа вистината за прекинот на нивниот однос.

„Не сум се слушнала со неа. Ќе бидам искрена… Издадов два албума и видов дека Марија, која ја сакав како родена сестра и секогаш бев тука за неа, лајкувала коментар на социјалните мрежи кој мене ме исмеваше и навредуваше. Тоа многу ме заболе, и како човек и како колешка. Ја отследив. Знаеше низ каков пекол минувам, наместо поддршка добив удар. Тоа беше крај на нашето пријателство,“ призна Карлеуша.

Карлеуша објасни и зошто прифатила да биде дел од жирито во шоуто „Пинкови ѕвезди“.

„Сметам дека беше голема грешка што со години не бев на Телевизија Пинк. Со срце го прифатив повикот. Сакав луѓето повторно да ме видат во вистинско светло, бидејќи за мене има многу предрасуди и неправди. Триесет години сум на сцена, а немам ниту еден мирен месец,“ рече пејачката.

На прашањето за поранешниот сопруг Душко Тошиќ, Карлеуша кусо одговори: „Имаме две прекрасни ќерки, но не, не сме во контакт“.

За можноста да учествува на „Песна за Евровизија“ следната година, пејачката остана мистериозна: „Нека тоа остане мала тајна и тема за размислување.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....