5.8 C
Скопје
05:36 - 1 април, 2026

Карлеуша ќе глуми во хит серија со Лазар Ристовски? Има коментар и од познатиот актер

Пејачката Јелена Карлеуша има шанса да се најде на филмското платно.

Оваа година дефинитивно ќе биде година на Јелена, бидејќи таа доби шанса да го покаже својот талент во добро позната серија која ќе се прикажува оваа година.

Се било договорено однапред и тајно, а снимањето најверојатно ќе започне на пролет. Станува збор за сериозна продукција, која ќе ѝ парира на светската, а емитувањето се очекува кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Инаку, во последните неколку дена на социјалните мрежи се појави информација дека се работи за серија на Лазар Ристовски. Големи се шансите сето тоа да е вистина бидејќи пејачката е во многу добри односи со актерот. Таа пред неколку дена го означи актерот под споделено видео:

– Новогодишните пораки повеќе не се она што беа! П.С.: Драг Лазаре, ти имаш ваква карактерна пријателка и уште не сме го потпишале договорот за најгледаниот филм на сите времиња – напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Редакцијата на српски Курир го контактирале Ристовски но тој не ја ни потврдил ниту демантирал веста.

Одговорил со „немам коментар“.

Да потсетиме, приказните за соработката на Јелена и Лазар датираат од 2022 година, кога  папараци ги сликале за време на разговор во ресторанот на еден елитен хотел во Нов Белград. Тогаш и двајцата биле многу расположени, а со нив била и најдобрата пријателка на пејачката, Јована.

Лазар потоа ги пренесе своите впечатоци за Јелена:

– Случајна средба и пријатен разговор со жена, вистинска суперѕвезда. Со дама која има отворен ум и остар јазик. Таа и Басара (СВтлислав Басара, писател, колумнист  и драматург, н.з) му се потребни на секое општество бидејќи тие се огледало што не лаже и не разубавува. А во исто време се и многу смешни – изјавил тогаш познатиот актер.

(Видео) Се појави снимка од настап на Јелена Карлеуша: Маж од публиката ја допира и гали додека пее

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....