8.8 C
Скопје
11:40 - 1 април, 2026

Карлеуша ја прозва Лепа Брена: „Пријовиќ е нехаризматична, а свекрва ѝ е зачетник на примитивизмот“

Јелена Карлеуша објави пост на Инстаграм во кој направи низа прозивки против Лепа Брена и Александра Пријовиќ.

Неодамна, Карлеуша јавно во емисија ја „поткачи“ Пријовиќ и истакна дека нејзината музика ја смета за „дамнешно минато“ и ја нарече „треш“, а по третиот успешен и преполн концерт на Пријовиќ во беградска Штарк Арена, продолжи во истиот ритам.

Но Јелена овој пат ја прозва и Лепа Брена.

Таа го поддржа мислењето на една корисничка на социјалните мрежи, која Пријовиќ ја нарече „нехаризматична“, а Брена „основач на треш“, што предизвика лавина нови реакции.

принтскрин

„Извините, навистина не ја разбирам еуфоријата околу Александра Пријовиќ. Гледам насекаде воодушевување, патос, завивање и кукурикање. Не слушам таква музика, но имам право на свое мислење. Карли е, бре, ракета за ова. Изгледа дека живеам на тотално погрешно место. Карли ме, бре, поткрева, а оваа нехаризматична госпоѓа во пристојни, но безврска стајлинзи, тотално ме спушта. И да го додадам само уште ова, макар фановите на нејзината свекрва да ме распнат, Брена е зародиш на треш и примитивизам во екс Ју. Џабе „еманципација“, Лепа Брено, некои од нас се сеќаваат на почетоците“, пишува во објавата.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....