10.8 C
Скопје
09:46 - 5 март, 2026

Карлеуша го пријави Душко Тошиќ во полиција! Наводно упаднал во станот и ги сменил сите брави

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Поп-дивата Јелена Карлеуша го пријавила својот поранешен сопруг Душко Тошиќ во полиција поради наводен упад во станот на Дедиње, во кој таа живее заедно со нивните две ќерки.

Иако моментално престојува во Дубаи, Карлеуша од таму ја контактирала српската полиција и побарала итна интервенција. Како што се дознава неофицијално, таа пријавила дека Тошиќ без нејзино знаење ги сменил бравите на станот, поради што побарала помош од надлежните институции.

Полициски екипи веднаш излегле на терен, а настанот бил регистриран и од медиумските екипи.

Според информациите до кои дојдоа медиумите, станот за кој е поднесена пријавата се води на името на децата, а Јелена Карлеуша е нивен законски старател.

Обвинувања за неплатена алиментација

Пејачката јавно тврди дека нејзиниот поранешен сопруг не ја исполнува законската обврска за плаќање алиментација за ќерките Атина и Ника Тошиќ, како и дека нивниот однос по разводот е целосно прекинат.

„Ние немаме никаков однос, не комуницираме. Децата со него имаат коректен однос и тоа е најважно, но меѓу нас нема контакт“, изјави Карлеуша, а потоа директно одговори на прашањето дали Тошиќ плаќа алиментација.

„Да ја кажам вистината? Не плаќа алиментација. Еве, ова е јавен апел“, порача таа.

Карлеуша додаде дека се обидува проблемот да го реши надвор од медиумите, преку адвокати и институции, но без успех.

„Во име на сите жени кои се борат за правото на алиментација од партнерите и татковците на нивните деца, чувствувам обврска јавно да зборувам. Србија воведе нов закон според кој, ако еден родител не плати две алиментации, државата ќе ја исплати сумата, а потоа ќе го гони родителот кој не ја исполнил својата законска обврска. Така што и овој случај ќе биде решен“, истакна Карлеуша.

Слични објави

Се огласи Марјана Станојковска по седумката на лото која се падна по две години

msp-admin

Прва прослава во семејството без него: Саша Поповиќ не дочека да го запознае своето прво внуче

Еспресо

Хороскоп за 5 март: Раковите ќе бидат флексибилни на работа, Вагите ќе разговараат за своите амбиции

Еспресо

Луна Ѓогани и сопругот се враќаат во Србија откако беа „заробени“ на Малдиви: „Време е да здивнеме“

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ се „топи“ покрај својот сопруг: Тој ја бакнува и ја држи за трудничкиот стомак

Еспресо

Сопругот на Сузана Манчиќ дојде од Грција во Белград на неколку часа: Водителката откри што правеле 

apostolova
Се вчитува....