07:33 - 10 јануари, 2026

Карди Би стана мајка по четврти пат: Ова е нејзино прво дете со ѕвездата на НФЛ, Стефон Дигс

Карди Би стана мајка по четврти пат. Како што потврди нејзиниот тим, 33-годишната раперка се породила и на свет донела син. „Карди е добро и пресреќна е“, соопштија кратко од нејзиниот тим. Ова е нејзино прво дете со ѕвездата на НФЛ, Стефон Дигс.

Среќните вести таа ги објави на Инстаграм, во видео во кое ја пее песната „Hello“ од најновиот албум „Am I the Drama?“. Во описот искрено призна дека минува низ големи промени и дека „почетокот од нула“ бил и тежок, но и ослободувачки.

Напиша дека ова животно поглавје ѝ донело нова музика, нов албум и ново бебе, и дека токму тоа ѝ го дава потребниот ветер во грбот да биде најдобрата мајка што може да биде.

Карди Би додаде дека во моментов е целосно фокусирана на личниот раст.

„Ова ново поглавје е Me vs. Me“, напиша таа, откривајќи дека се подготвува за турнеја, посветена е на менталното и физичкото здравје и се чувствува посилна од кога било претходно. „Учев, заздравив и конечно ја прифаќам жената што сум денес“.

Јавноста за бременоста дозна тогаш кога таа реши да ја сподели, во интервју со Гејл Кинг за утринската програма на Си-би-ес, каде гордо потврди дека очекува дете со Дигс. Тогаш кажа дека добро се снаоѓа помеѓу мајчинството и кариерата.

Во поткастот „On Purpose“ кај Џеј Шети раскажа дека сака нејзините деца еден ден да ја надминат – ги одгледува, вели, со многу љубов, но и со дисциплина.

Гласините за нивната врска се појавија кон крајот на 2024 година, но парот првпат заедно се појави во јавност дури на натпреварот помеѓу Селтикс и Никс во мај 2025 година. Карди објасни дека бременоста ја чувала само за себе сѐ додека не се почувствувала подготвена да ја сподели со светот.

Во свој препознатлив стил, таа ја заврши објавата со порака до фановите: „Сега кога веќе знаете – ајде, поддржете го албумот! Официјално сум мајка на четири деца“.

Карди Би ги има и трите постари деца од бракот со поранешниот сопруг Офсет: ќерката Калчр (родена 2018), синот Вејв (роден 2021) и ќерката Блосом (родена 2024).

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....