7.8 C
Скопје
01:59 - 30 март, 2026

„Замрзнати“ профилите на Твитер и Инстаграм на Канје Вест поради неговите антисемитски објави против Евреите

Профилите на Твитер и Инстаграм на популарниот рапер Кање Вест во моментов се „замрзнати“ поради неговите антисемитски објави против Евреите, а портпаролите на Твитер и Инстаграм изјавија дека Је објавувал пораки кои ги прекршуваат нивните правила.

Во твитот што го испрати доцна во саботата, според записите од архивата на Интернет, Је напиша дека наскоро ќе тргне во „дефкон3 против Евреите“. Тоа е очигледно референца за состојбата на подготвеност на американската војска позната како DEFCON, пишува AP news.

Во истиот твит, кој беше отстранет од Твитер, тој напиша: „Вие си игравте со мене и се обидовте да го оцрните секој што се противи на вашиот план“.

На почетокот на овој месец, раперот беше критикуван затоа што на Модната недела во Париз носеше маица со натпис „White Lives Matter“ од неговата колекција. Имено, Кање на претставувањето на својата колекција YZY SZN 9 се појави во црна маичка на која на задната страна имаше натпис „White Lives Matter“, а на предниот дел беше испечатен ликот на папата Јован Павле Втори.

Тоа бил неговиот одговор на кампањата „ Black Lives Matter“, поради што и неговите модели носеа различни верзии од истиот дизајн.

Раперот Шон „Диди“ Комбс објави видео на Инстаграм во кое истакна дека не го поддржува тоа што тој носи маица со таков натпис и им порача на публиката и на фановите да не ги купуваат.

Како што пишуваат американските медиуми, Кање на Инстаграм објавил скриншот од текстуален разговор со Диди и му рекол дека го контролираат Евреите.

Инаку, социјалните мрежи забрануваат користење на навредлив јазик бидејќи со тоа се прекршуваат нивните правила. Твитер профилот на раперот е сè уште активен, но е „замрзнат“ и тој не може да објавува ништо додека Твитер не го отстрани ограничувањето.

Мета, која е сопственик на Фејсбук, како и на Инстаграм, повремено ќе поставува ограничувања на сметките за кои верува дека постојано ги прекршуваат нејзините правила. Санкциите може да вклучуваат привремени ограничувања за објавување, коментирање или испраќање пораки.

Да потсетиме, Канје се врати на Твитер во саботата по речиси двегодишна пауза, а неговото враќање го поздрави и милијардерот Илон Маско со објавата:

„Добре дојде назад на Твитер, пријателе“.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....