00:45 - 5 ноември, 2024

Камила за прв пат јавно проговори за својата свекрва, кралицата Елизабета: „Сигурно ѝ било многу тешко, таа беше осамена жена“

Kралицата сопруга Камила во неделата и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора.

„Сигурно и било многу тешко, таа беше осамена жена. Тогаш немаше женски премиерки или претседателки. Таа беше единствена и мораше сама да си ја обликува улогата“, изјави сопругата на Чарлс Трети.

Би-би-си во неделата наутро, ден пред погребот на кралицата, го емитуваше првиот говор на Камила откако почина кралицата Елизабета.

Во интервјуто Камила рече дека засекогаш ќе ги памети очите и насмевката на кралицата.

„Имаше прекрасни сини очи, кои и го осветлуваа целото лице кога се смееше. Никогаш нема да ги заборавам тие очи и насмевка“, рече Камила во својот трогателен осврт и додаде: „Таа отсекогаш беше дел од нашите животи. Сега имам 75 години и не се сеќавам на никој друг освен на кралицата на тоа место“.

Во еден период односите меѓу Камила и кралицата беа многу затегнати, таа дури одбила да разговара со нејзиниот син Чарлс за „постоењето на Камила“ во периодот на неговото неверство. Се наведува и дека некогаш ја нарекла својата идна снаа „лоша жена“. Но, со тек на време Камила ја освоила нејзината наклонетост водејќи добротворни кампањи.

„Камила претрпе неверојатна трансформација. Точно, имаше тешки денови. Но, таа работеше напорно и стигна до место каде што се чувствува удобно во сопствената кожа и каде што може да ја покаже својата личност, што беше големо патување“, изјави извор близок до кралското семејство.

Ниту Британците не ја сакаа долго време бидејќи сметаа дека е одговорна за распадот на бракот на тогашниот принц од Велс и принцезата Дијана и таа беше една од најомразените жени во земјата.

Сепак, ова се промени со текот на времето. Минатата година повеќе од половина Британци не сакаа Камила да ја има кралската титула, а денес само 18 отсто од нив се против. Повеќе од половина, 53 отсто, сметаат дека таа ќе биде добра во улогата на сопруга кралица.

Впрочем, тоа е она што покојната Елизабета Втора го побара од нив во февруари, кога на Камила и  дозволи да ја употребува титулата кралица сопруга кога ќе дојде време за тоа.

Чарлс и Камила се запознале на поло натпревар во Големиот парк Виндзор во 1972 година. Но, романсата била прекината кога Чарлс бил испратен со морнарицата на осум месеци. Камила се омажи за воениот офицер Ендрју Паркер Боулс, а Чарлс се ожени со Дијана во 1981 година.

По распадот на кралскиот брак, принцот ја продолжи својата романса со Камила, која Дијана ја нарече „трета личност“ во нејзиниот брак.

Откако Дијана почина во 1997 година, Камила се соочи со бурни реакции од јавноста и таа и Чарлс не се појавуваа заедно во јавност се до 1999 година.

Со текот на времето, ситуацијата за нив се промени на подобро и се венчаа во 2005 година. Оттогаш таа е постојано покрај Чарлс и топло прифатена во кралското семејство.

Слични објави

(Фото) Исончани и заљубени: Мина јавно му порача „те сакам“ на Огњен Амиџиќ

Еспресо

Петар Грашо искрено: „Јас не сум многу дома, Алба и Тони ќе бидат мамини деца“

Еспресо

Хана Хуљиќ ја напушти болницата: Сè се одвивало во тајност, мајката и бебето се чувствуваат одлично

Еспресо

Луѓето бесни на Сека Алексиќ зошто имала настап по трагедијата во Нови Сад, пејачката веднаш се огласи: „Никој не знае да прегрне кога боли“

Еспресо

(Видео) Најслатко нешто: Марија Шерифовиќ објави видео со синот, малиот Марио не се дели од мајка си

Еспресо

Александра Пријовиќ заврши во болница: Морала да прима специјални лекови од Америка

Еспресо
Се вчитува....