6.8 C
Скопје
02:05 - 31 март, 2026

Калиопи откри важна приказна за себеси која покажува каква личност е таа

Калиопи раскажа интересна приказна која открива каква личност е таа всушност, според една одредена ситуација во која се наоѓа.

Таа гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“ која ја води Снеже Велков, а во најавата за новата сезона на Инстаграм, се вели вака:

– Бидејки сите велат „Секоја чест на исклучоците“, ние на почетокот на оваа сезона правиме исклучок и почнуваме со една гостинка. А, бидејќи малкумина веруваат во исклучоци ние денес ви покажуваме дека исклучокот има Име.

Што било и да сте помислиле за неа и сте сакале да ја ставите во одредена категорија таа излегува од сите рамки. Не се придружува кон некакви кланови или групирања ами сама по себе клан.
И затоа е исклучително редок пример на исклучок од сите правила.

Со Калиопи зборувавме на разни теми: за егото, за пријателите, за очекувањата и разочарувањата за цената на пазарот и за вредноста на пејачите, за пејачките шоуа и за погрешните и вистинските вредности…

Калиопи и Снеже Велков Фото / Инстаграм

А таа пак, покажа дека нејзината големина е токму во можноста да се смали за да биде Нашата Калиопи. Ние сме на Калиопи-Калиопи е наша – се вели во најавата.

А кога Снеже Велков ја прашува: „Чекаш да те поздрават или ти си таа првата која поздравува кога ќе се најде во просторија?“

– Веројатно сега вака кога ме прашуваш, ми текнува. На улица кога одам и ќе забележам дека некој ме гледа, јас прва велам добар ден. Поздравувам да, не чекам некој да ме поздрави – откри Калиопи.

Фото / Инстаграм

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....