12:01 - 20 јануари, 2026

Калиопи и Грил се расплакаа на промоцијата со Жељко: Би можел сопругата да му ја оставам на Ромео

Калиопи и Жељко Самарџиќ, откако баладата „Знам“ ја претставија во Белград и стана популарна во регионот, денес на прес конференција ја промовираа во Скопје, во „Аудиокултура“.

На пресот беше присеутен и Ромео Грил, авторот на песната за кој Жељко Самарџиќ рече дека веќе станал важен пријател за него и за неговото семејство.

-Морам да ѝ се заблагодарам на Калиопи што ме спои со маестро Ромео, и до толку го засакав, што можам да му ја оставам сопругата“, изјави Жељко Самарџиќ. Калиопи ја дополни оваа приказна на свој начин:

-Среќа е што Жељко, кога ја снимавме песната во Скопје дојде со Маја. Ромео  е инаку строг кога станува збор за работа во стдуио, но Маја некако успеа да го скроти и да му дозволи да ги прифати нашите енергии“, рече Калиопи. Таа се заблагодари на сите медиуми што се со неа и во периодите кога не била активна на македонскасата сцена и евоцираше спомени за локацијата на промоцијата во Тафталиџе:

-Тука возев ролшули како дете, кога доаѓав од Кичево, кај роднините на гости во Скопје“, се присети таа. Промоцијата беше многу емотивен момент за Ромео Грил, кој дојде од Швајцарија, ги криеше солзите, но и за Жељко и за Калиопи која се расплака во еден момент.

-Роден сум многу блиску до ова место, во Дебар маало, ова ми е дома. Маја е мојата прва љубов,  сопругата на Жељко се вика Маја, а јас и Калиопи наскоро правиме 40 години“, рече Грил, а Калиопи низ насмевка го праша: Од што? „40 години од формирање на групата Калиопи“, одговори тој.

Самарџиќ додаде дека неговата најмала внука Анѓелија ја засакала песна на прва, а децата е најдобриот глас кога е музиката во прашање.

-Тој е најголемот амбасадор на Македонија, поголем и од мене. Тој од срце пее на македонски јазик, и кога не е пее, душата му пее, и секогаш ја ословува Македонија само со Македонија“, рече Калиопи за Жељко.

Самарџиќ со радост раскажа за нивното пријателство кое трае од осумдесетите, а за ова детално раскажа и промоторот на настанот, новинарот Иван Беќковиќ.

-Калиопи и Жељко се знаат уште од  југословенскиот избор за Песна на евровизија во 1984 година, Жељко пееше со неговата група „Рондо“, а Калиопи придружнио вокали на Маја Оџаклиевска“, рече Беќковиќ.

-За сè е виновна таа моја посета на Будва, кога Жељко ме покани да дојдам на неговото бродче на Јадранот. Му се јавивме на Ромео и му рековме: Па ајде веќе, каде е нашата песна? Чувствував пеперутки кога ја снимавме, зашто нашите животи се пресликани во оваа песна“, се присети Калиопи.

Самарџиќ потврди дека е ова биографска песна, па на одличен македонски јазик при крајот рече: „Голем поздрав до сите, и се надевам дека наскоро ќе пееме заедно“, и додаде дека е привилигериран што успеал да сними песна со некој како Калиопи.

 

 

 

 

Слични објави

Полугол перформанс, када и маса полна со афродизијаци: Ќерката на Здравко Чолиќ целосно се опушти во ноќно излегување во Белград

Еспресо

Карлеуша ја реновира вилата, а Душко Тошиќ ја финансира?! Ја ангажирале Вики Миљковиќ

Еспресо

Маја Николиќ се мажи во февруари! Пејачката застанува „на лудиот камен“ со угостител

Еспресо

(Фото) Анѓелка Прпиќ со остра порака се огласи по смртта на Мика Алексиќ, кој беше обвинет за сексуално вознемирување актерки

Еспресо

„Се мразев себеси кога не повраќав“: Теодора Џехверовиќ со емотивна исповед за нарушувањето во исхраната

Еспресо

„Мина се разочара од Каспер по неговото доаѓање во Србија“: Новинар открива непознати детали за најактуелната врска на сцената

Еспресо
Се вчитува....