10.8 C
Скопје
12:57 - 18 декември, 2024

Kаква ќе биде церемонијата на крунисување на новиот британски крал: Скратен и модернизиран настан без помпезности

Британските медиуми открија некои детали во врска со спроведувањето на церемонијата на крунисувањето на англискиот крал Чарлс Трети, кој најпрво избра да го намали времетраењето на церемонијата од четири часа само на еден час.

Датумот сè уште не е одреден, иако првите гласини зборуваат за следниот 3 јуни, но британските медиуми веќе ги објавија првите гласини за церемонијата на крунисување на англискиот крал Чарлс Трети, кој го наследи тронот по смртта на неговата мајка кралицата Елизабета Втора. Нејзиното крунисување се случи на 2 јуни 1953 година.

Церемонијата наречена „Операција Златен глобус“ ќе се пренесува во живо на телевизија и пред сè ќе биде скратена во времетраењето. Намерата на кралот Чарлс Трети е всушност да ги направи сите церемонијални настани „помодерни и помалку помпезни“, кои ќе се одржат како и обично во Вестминстерската опатија, но затоа крунисувањето ќе заврши за околу еден час, наместо – како што до сега беше вообичаено – четири часа.

Нов удар на Нетфликс врз кралското семејство: По смртта на Елизабета Втора следува приказната за посебниот однос помеѓу Филип и неговата „пријателка“

Другото значајно скратување се гледа на списокот на гости, чија бројка ќе се намали од 8.000 на 2.000.

Се менува и кодексот на облекување, на гостите ќе им биде дозволено да носат вечерни фустани наместо свечени тоалети. Со организацијата на церемонијата ќе управува Едвард Фицалан-Хауард, 18-тиот војвода од Норфолк кој, според внатрешен извор, се доверил дека кралот Чарлс Трети е свесен колку е светот променет од 70-тите години, по последното крунисување, и затоа треба да се променат и правилата на ритуалите.

Древната традиција на помазание на монархот останува, а тој ќе се заколне дека ќе биде „бранител на верата“. Тука ќе биде и таканаречената Голд стејт коуч, златната кочија на британската кралска куќа, која датира од 1762 година.

Референтна улога ќе има принцот Вилијам, наследник на тронот. Неговото место, пред 70 години, го зазеде Филип, принцот од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета. Според она што веќе го објавија британските медиуми, Камила, сопругата на Чарлс Трети, ќе биде крунисана за кралица заедно со нејзиниот сопруг.

Слични објави

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо
Се вчитува....