16:04 - 1 април, 2026

Како починал младиот Арон Картер открива обдукцијата неколку месеци по трагедијата

Пејачот и рапер Арон Картер кој почина пред неколку месеци се удавил во када, а бил онесвестен од седативи што ги земал и гас користен во спрејовите за чистење што ги вдишувал, се вели во извештајот на патологот објавен денеска, пренесува Гардијан.

Картер имаше 34 години, беше пронајден мртов на 5 ноември лани во кадата на неговиот дом во Ланкастер, Калифорнија.

Во извештајот од обдукцијата се вели дека седативот алпразолам, кој често се продава под брендот „Ксанакс“, бил пронајден во неговото тело како и компримиран гас дифлуороетан, кој најчесто се користел во средствата за чистење со спреј и „може да предизвика седација и еуфорија при вдишување.“

Овие две супстанци го онесвестиле младиот пејач  поради што се удавил во кадата, пишува Гардијан.

Картер се прослави како дете-ѕвезда со хитовите како „I Want Candy“ и „That’s How I Beat Shaq“, а беше познат и по тоа што беше помлад брат на Ник Картер, член на групата „Бекстрит бојс“.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....