21:48 - 4 април, 2026

Како лекот кетамин го довел до смрт Метју Пери: Ужасна комбинација ако се консумира при капење

Извештајот за токсикологија на Метју Пери беше објавен во петокот во кој се откри дека причината за смртта на саканиот актер биле акутните ефекти на кетаминот и со тоа беа поставени многу прашања за тоа што лекот му прави на телото на една личност и зошто луѓето го консумираат.

Кетаминот беше развиен во 1960-тите како анестетик за луѓе и животни, а од неодамна е поврзан со третман на депресија, меѓутоа, тој исто така се користи и рекреативно бидејќи е психоделичен лек.

Што велат лекарите за кетаминот?

Експертите тврдат дека супстанцијата предизвикува релаксирачки ефект што ги тера корисниците да чувствуваат пријатна вкочанетост и може да предизвика халуциногено искуство, меѓутоа, кога се консумира во прекумерни количини, ги тера луѓето да се нурнат во дисоцијативна состојба подалеку од реалноста. попозната како „К-дупка“.

Освен злоупотребата на лекот, истражувањето направено од Националниот институт за здравје покажа дека интравенозната доза на кетамин може да помогне при тешка депресија за само неколку часа. Обично, на лековите како Прозак, Золофт и други им требаат недели за да му помогнат на пациентот да ја надмине состојбата,

Употребата на психоделична терапија доведе до постојано истражување, и уште во 2018 година, д-р Мартин Тејчер, професор по психијатрија на Медицинскиот факултет Харвард и директор на Програмата за истражување на развојната биопсихијатрија во болницата Меклин, спомна дека употребата на кетамин за депресија е „всушност една од најголемите достигнувања во психијатријата во многу долго време“.

Каков ефект имал кетаминот врз Метју Пери?

Иако ефектите на лекот може да им помогнат на пациентите побрзо да ја надминат депресијата, ефектите не траат долго, и многумина консумираат повеќе за да ја задржат депресијата подалеку. Сепак, корисниците развиваат толеранција на лекот.

Според извештајот за роксикологија, Пери ја користел супстанцијата за да лекува депресија и анксиозност.

Ефектот на вкочанетост веројатно го забавил неговото дишење и го спречил телото на актерот да реагира дури и кога е под вода. Меѓутоа, предозирањето со кетамин е многу ретко, но неговото консумирање додека личноста е во базен е ужасна комбинација што може да предизвика случајна смрт.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....