8.8 C
Скопје
23:11 - 10 април, 2026

„Како да се носиш со лоша ситуација?“: Нова објава на Милан Станковиќ ги збуни неговите следбеници

Пејачот Милан Станковиќ, кој пред неколку години целосно се повлече од музичката сцена, повторно се огласи на социјалните мрежи и предизвика реакции со мистериозна порака.

Станковиќ, кој последниве години се посвети на духовниот живот и често престојува во манастири, на својот профил сподели објава во која стои прашањето: „Како се носити со лоша ситуација?“ На тоа имаше даден само еден одговор – „Да се преспие целиот ден“.

Оваа порака предизвика бројни коментари и загриженост кај дел од неговите обожаватели, кои се прашуваат дали сè е во ред со пејачот.

Поранешната музичка ѕвезда со години ретко се појавува пред јавноста. Наместо тоа, Милан најчесто престојува во манастири, а во јавноста кружат информации дека размислувал и за монашки живот.

Пред неколку години медиумите објавија дека тој се наоѓал во манастирот Подмаине во Црна Гора, но оттаму демантираа дека бил на пат да стане искушеник, нагласувајќи дека таму престојувал единствено заради духовен мир.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....