13.8 C
Скопје
11:24 - 27 март, 2026

Како да привлечете пари и среќа: Поставете ja новогодишната елка на ова место!

Верувале или не, фенг – шуи експертите тврдат дека многу е важно на кое место ја поставуваме елката во домот.

Наводно, најмногу придонесува за хармонијата ако се наоѓа во горниот лев агол на домот затоа што се смета за „површина на богатството“, а не е лошо да го ставите во кој било агол или во самиот центар на куќата или станот бидејќи тоа ќе ја стабилизира енергијата.

Од друга страна, не треба да ставате елка во близина на влезната врата или во ходникот, бидејќи тоа го блокира протокот на животна енергија.

Експертите за фенг – шуи понатаму тврдат дека елката треба да биде украсена со стаклени украси од сина, бела, сребрена и златна боја, доколку се наоѓа во северниот дел на домот, додека елката поставена на запад или северозапад треба да свети во бели, сребрени, златни и жолти тонови.

Ако сте решиле да поставите елка во југозападниот или североисточниот дел од куќата или станот, украсете ја со црвени и жолти украси кои пожелно е да бидат керамички, а според фенг – шуи во оваа позиција избегнувајте украси во бела и сребрена боја.

Слични објави

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Херојски подвиг: Саша Ковачевиќ му помогна на човек по сообраќајна несреќа

Еспресо

(Фото) „Многу ми недостасуваш“: Дарко Илиевски со емотивен спомен за мајка му

Еспресо

Дневен хороскоп за 27 март: Бидете искрени, но и тактични

apostolova
Се вчитува....