1.8 C
Скопје
07:36 - 11 март, 2026

Како да ги разликувате новите варијанти на ковид (Омикрон) и настинка, нова британска студија

Речиси пет милиони Британци се смета дека имаат симптоматски „Ковид“ во Англија во моментов, покажуваат најновите податоци од здравствената студија „ЗОЕ“. Студијата ZOE собира податоци за општата популација за време на пандемијата. Овој нов бран на инфекции, поттикнат од Omicron BA.4 и BA.5, обезбедува мноштво податоци за профилот на симптоми кои се развиваат.

Според професорот Спектор, кој ја води здравствената студија ЗОЕ, има „двојно повеќе случаи на Ковид од обичните настинки денес, односот бројот на инфицираните никогаш не бил поголем“.

Пишувајќи на Твитер, тој го привлече вниманието на предупредувачките знаци кои можат да ви помогнат да го разликувате Ковид од обична настинка.

Генерално, Британците погодени од Ковид (според новата студија) редовно пријавувале замор, истакна професорот.

Инфицираните со новата варијанта се чувствувале уморни или редовно, или од време на време. Но, по добар сон, повеќето луѓе би требало да се чувствуваат освежени и подготвени да се соочат со нов ден, но тоа не е случај и со инфицираните од новата варијанта на ковид чиј замор траа и до десет дена.

Најчестите симптоми на новите варијанти на Омикрон се слични на настинка и моментално  пријавени се како доминантни овие симптоми:

Течење на носот
Болка во грлото
Главоболка
упорна кашлица
Благ или тежок замор.

Затоа советува докторот доколку ги имате овие симптоми најдобро е да се изолирате и да не се движите меѓу луѓе за да не ја пренесете инфекцијата.

Според професорот, Омикрон БА.4 и БА.5 стојат зад последното зголемување на случаите.

Овие варијанти ја нарушуваат имунолошката одбрана многу поефикасно од претходните варијанти, рече тој.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....