1.8 C
Скопје
03:08 - 14 март, 2026

Како брат му на Милош Биковиќ одлучи да му го посвети животот на Бога: „Ќе размислам за твоите зборови, брате“

Михаило Биковиќ, братот на Милош Биковиќ, кој е постар од него цели 16 години, се замонашил кога неговиот помал брат бил дете, а актерот повеќе пати ракажа во различни прилики колку е приврзан за својот брат.

Но и игуменот Михаило пред неколку години прозборе колку нему му значи Милош.

принтскрин јутјуб

– Раѓањето на Милош го доживеав како нешто свето и за прв пат во животот имав јасно чувство дека родителите се подготвени да го дадат својот живот за своето дете. Со раѓањето на Милош во мене се роди потребата да му дадам се што имам и да го заштитам тоа мало суштество – изјави своевремено Михаило и откри дека двајцата имаат посебен однос, на кој е горд.

― Кога нашата мајка имаше дилема дали да роди, реков: „Секако, бидејќи додека е мал ќе го штитам, а кога ќе порасне и јас ќе пораснам, ќе ме штити тој мене“. Токму таков е нашиот однос денес. Милош има исклучително чувство за правда, со развиен заштитнички однос – додаде тој.

– Брат ми отиде во манастир на 22 години, а учеше кај потомците на руските емигранти кои дојдоа во Србија по Октомвриската револуција. За мене е важно да кажам дека со него зборувам како брат, но секогаш се сеќавам дека тој е монах кој му го посветил животот на Бога. Понекогаш, во разговорот сакам да му противречам, но наместо тоа, секогаш му велам: „Ќе размислам за твоите зборови“, изјави своевремено Милош за руското издание на магазинот „Esquire“ и објасни зошто неговиот брат решил да ги помине својот живот во манастир.

– Ми објасни дека никогаш не почувствувал таква исполнетост на животот и дека го наоѓал само во контакт со Бога. Кога мојата слава ги надмина сите мои очекувања, се сеќавам дека брат ми ми рече: „Веќе не си битен само ти, сега стана симбол“. Почна да ми се восхитува на некој начин, иако никогаш не го очекував тоа, бидејќи тоа е необично за монах. Тој многу добро знае колку и кога се кршам и се сомневам во себе – искрено изјави Биковиќ.

 

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....