5.8 C
Скопје
05:53 - 1 април, 2026

Како Бора Чорба ја изненадил 28 години помладата сопруга: „Со денови ми се лутеше“

Легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ почина на 72-годишна возраст, на 4 септември во болница во Љубљана, а сопругата Дубравка не се раздвои од него до последен ден.

Колку навистина ја сакаше, илјада пати и докажуваше, како и таа нему, а поради честите концерти што ги имаше и одвоеноста, направил една работа која му била многу важна.

Дубравка, Тв пинк принтскрин

Како што постојано нагласуваше, не бил приврзаник на тетоважи без никакво значење, поради што немал многу, но една, веројатно најголемата, ја направил кога ја запознал сопругата, и таа тетоважа најмногу му значела.

Тој на левата подлактица истетовирал портрет на сопругата Дубравка и бил убеден дека оваа тетоважа е најубавата што ја има.

– Најмногу ми значи тетоважата со ликот на мојата сопруга бидејќи таа е секогаш со мене. Кога патувам некаде, а таа не е физички присутна, Дубравка е пак покрај мене. Отпрвин беше изненадена и лута, бидејќи јас тоа го направев пред да одам на море, а познато е дека солената вода и сонцето лошо делуваат на тетоважите, но со текот на времето се навикна – откри тогаш и додаде:

јутјуб принтскрин

-Инаку, цртежот е направен од фотографија направена на еден од нашите концерти. Очигледно е дека ужива во музиката, дека е целосно посветена на неа – открива Бора.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ објави ретка фотографија со ќерката и синот: „Тие се вашиот најголем успех“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....