19.8 C
Скопје
05:03 - 13 август, 2026

(Фото) Ѕирнете во домот на Џенифер Гарнер кој го создала по разводот со Бен Афлек: Оаза на мир и место за сонување

Џенифер Гарнер, по разводот со Бен Афлек, во 2019 година купила земјиштето на кое изградила куќа, како што вели, по нејзина мерка.

принтскрин јутјуб

Секоја соба зборува за себе и е различно уредена. Таа открива за Архитектјурал дајџест, дека сака нејзиниот дом да изгледа малку старински, но и сепак релаксирачки и со шик елементи.

Гарнер е позната како глумица од А листата која внимава на својата приватност, како и на мирот и приватноста на нејзините три деца, но сепак, овојпат се одлучи да ги отвори вратите на домот и да покаже како го уредила, инвестирајќи во него осум милиони долари.

„Никогаш претходно не сум уредувала ништо и сум горда на резултатот. исполнета СУМ со благодарност секогаш кога влегувам во мојата куќа, што можам да живеам овде, среќна сум што поминувам време со моите деца во оваа средина. Ова не е типично за мене, но сепак сум многу среќна што можам да го споделам со вас“, Вели Џенифер.

Поради љубовта кон готвењето, Гарнер вели дека трпезаријата многу ја користат и таа и нејзините деца – иако не секогаш како место за собирање и јадење.

„Ја поставив вратата за трпезаријата да може да биде и сала за состаноци. И всушност, имам многу состаноци овде, работам од дома кога не сум на снимање“, објаснува актерката.

принтскрин јутјуб

Со оглед на тоа дека семејството обожава да чита, Џенифер покрај домашната библиотека создала и неверојатна соба во стилот на Хари Потер под скалите, која нејзиниот син ја користи како „канцеларија“.

„Ова е мало место каде може да влезе и да сонува. Најмногу се крие од мене и јаде слатки, но не можам да го обвинам. И јас би го направила истото“, Вели Џенифер.

Инаку, за столаријата која се наоѓа во секоја соба избрала комбинација од посветло и потемно дрво, но не се оддалечила од дополнителна декорација. На пример, еден агол од домот, кој изгледа како мини-работна соба, има ѕидови обоени како ноќното небо со ѕвезди, додека просторот за читање и одмор, каде што се наоѓа нејзината библиотека, има шарени, мозаични прозорци.

Како Бора Чорба ја изненадил 28 години помладата сопруга: „Со денови ми се лутеше“

 

Слични објави

Јована Јеремиќ ужива со Тигар на плажа, па со една порака чепна во минатото: „Нема право да знае…“

Еспресо

Од латино заводник до гласен навивач – Александар Тарабунов со својата трансформација ја освои публиката во Охрид

Еспресо

Теа Таировиќ ја препеа „Голубе“, па колешките жестоко удрија по неа: „Биди чесна!“

Еспресо

„Снежана конечно ги најде џуџињата“ – водителката Велков се пронајде во приказната за полскиот Вроцлав

Еспресо

Слоба Радановиќ повторно покажа големо срце: Донираше 2.000 евра за семејства од Газивода кои останаа без домови

Еспресо

Бојана Скендеровски: Привилегија е да се пее песна од големата Сашка Петковска

Еспресо
Се вчитува....