7.8 C
Скопје
01:07 - 31 март, 2026

Кајли Миног одби да настапи на крунисувањето на кралот Чарлс Трети: По британските пејачи, откажува и Австралијанката

Австралиската поп пејачка Кајли Миног ја одби поканата да настапи на гала концертот во чест на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, пренесува Мирор.

54-годишната Кајли Миног се приклучи на листата на познати личности кои одбија да настапат на крунисувањето на Чарлс Трети, кое ќе се одржи во Лондон на 6 мај 2023 година.

Претходно Адел, Елтон Џон, Хари Стајлс, Роби Вилијамс и Ед Ширан изјавија дека не можат да учествуваат на празничниот концерт.

„За жал, Кајли Миног нема да може да настапи на крунисувањето на Чарлс III, бидејќи во тоа време ќе биде надвор од земјата“, изјави претставникот на пејачката за новинарите.

Кајли Миног беше чест гостин на кралските настани. Таа последен пат настапи на гала концерт по повод 92-от роденден на кралицата Елизабета Втора во 2018 година. Пејачката и оддаде почит на починатата кралица по нејзината смрт во септември минатата година. Во објавата на социјалните мрежи таа напиша:

„Во приликите кога ја имав честа да бидам во присуство на кралицата Елизабета Втора, бев во целосна стравопочит од нејзината енергија и аура. Моето најдлабоко сочувство до семејството и пријателите. Почивај во мир”.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....