18.8 C
Скопје
14:26 - 11 март, 2026

Каде вечерва: Во МНТ на претставата „Кенди“

Театарската група „Театар Златен Елец“ слави три години со изведба на најновата нивна претстава насловена „Кенди“. Третата изведба е закажана за вечерва во Младинскиот културен центар, со почеток од 20 часот.

„Кенди“ е дуодрама во која зборуваме за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубов постепено се изобличува и станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот.

„Кенди“ е како приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги. Најзначен фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

Слични објави

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova
Се вчитува....