02:21 - 11 ноември, 2026

Каде вечерва: Во КИЦ на „Мразам playback“ – изложба на фотографии од Никола Јовановиќ

Во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2, денес со почеток од 20 часот ќе се отвори изложбата „Мразам playback“.

Изложбата е посветена на алтернативната музичка сцена во Скопје и пошироко. На изложбата ќе бидат претставени 25 фотографии од музичари и бендови во период од крајот на 2020 до почетокот на 2023 година. Со кратка и јасна порака „Мразам playback“.

Никола Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје (2002), кој активно се бави фотографија веќе неколку години. Кон крајот на 2020-та година почнува активно да се бави со портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20-от век. Изложбата „Мразам playback“ е посветена на неговиот повеќегодишен ангажман во полето на музиката. Ќе бидат изложени 25 фотографии (колор и црно-бели) од крајот на декември 2020-та година па се до февруари 2023-та година. На изложбата ќе бидат поставени фотографии од млади бендови и музички настани на кои настапувале истите, портрети на млади музичари.

 

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....