27.8 C
Скопје
00:50 - 2 септември, 2026

(Фото) Каде е денес водителката што Саша Поповиќ ја исфрли од „Гранд“: Ја навредуваа дека е „глупава“, па со поранешниот следуваше пекол

Оние малку постарите генерации што ја следеле првата емисија „Ѕвездите на Гранд“ веројатно се сеќаваат на прекрасната водителка Љубинка Буба Добросављев. Меѓутоа, иако публиката ја сакаше, водителката беше исфрлена од шоу програмата, наводно како што се раскажувало, поради една грешка.

Саша Поповиќ ѝ дал отказ на Буба по финалето во 2011 година затоа што постојано правела грешки.

– Освен што го користеше зборот суперфинале во речиси секоја реченица, таа постојано правеше грешки, а кулминацијата беше кога ги измеша бројките на кандидатите, поради што еден од родителите се појави зад сцената и го нападна Владо Станојевиќ, прашувајќи го зошто ѝ го дал микрофонот на „онаа глупава“, а потоа му се пожали на Поповиќ – рекол своевремено извор близок до продукцијата.

Потоа, Љубинка поминала низ многу тежок период во својот живот, а како што пишувале медиумите, нејзиниот сопруг ја претепал додека била бремена, поради што го изгубила бебето.

– Ме тепаше. Бев бремена четири месеци. Јас преживеав, но бебето не. Ме турна, паднав на стомак, имав модринки. Ме удираше по главата. Ме сврте. Страшно ми е да зборувам за тоа… Почна да ме дави. Останав без воздух. Последното нешто што го паметам беа зборовите: „Ќе те убијам, ќе те одлежам во затвор!“ Тој во еден момент се освести и избега од станот. Ужасно се плашев за мојот живот, ја викнав сестра ми да дојде да ме земе. И сега сум исплашена, но не сакам повеќе да молчам – раскажала Љубинка тогаш за „Пулс“.

Поранешната манекенка и водителка, по сè низ што поминала, се повлекла од малите екрани, а во меѓувреме објавила книга, но и го пронашла своето место во уметноста и редовно ги објавува своите уметнички дела.


Судејќи според фотографиите на социјалните мрежи, таа не се променила многу во сите овие години, а нејзината убавина сè уште го одзема здивот.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Едита се пофали со нова недвижнина! Пејачката купи куќа и испрати емотивна порака: „Се надевам дека Зојка ќе биде горда“

Еспресо

(Фото) Ова е Хрватката која е во љубов со Игор Којиќ: Била на избор за мис, па влегла во политика…

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ го запиша синот во државно училиште: На приемот за првачињата се расплака!

Еспресо

(Фото) Нови ранци, насмевки и возбуда: И дел од македонските јавни личности ги испратија своите најмили на училиште

Еспресо

Во мозокот ѝ бил вграден стент, а сопругот ја изневерил! Српската водителка дознала за аферата во најтешкиот период од животот

Еспресо

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.
Се вчитува....