7.8 C
Скопје
23:02 - 4 октомври, 2026

Јована Јеремиќ се мажи! Водителката и Тигар ќе се венчаат во манастирот Острог, а прослава на Свети Стефан

Српската водителка Јована Јеремиќ наскоро ќе се омажи за својот партнер, боксерот Милош Стојановиќ Тигар, а подготовките за големиот ден веќе се во тек.

Како што пренесуваат српските медиуми, Јована неодамна посетила познат белградски салон за венчаници, каде што бирала фустан за својата свадба. Во друштво на ќерката и најдобрата пријателка и колешка, Јована била видливо расположена и не го криела возбудувањето за сè што ја очекува.

– Јована е пресреќна. Ова е периодот во кој навистина ужива и секој слободен момент го користи за организација на венчавката. Во салонот дојде со ќерката и најдобрата пријателка и колешка бидејќи ѝ беше важно токму тие да бидат со неа додека ја избира венчаницата. Цело време се смееше, се шегуваше и не го криела возбудувањето. Беше јасно дека едвај чека тој ден – рекол добро информиран извор за српски „Информер“.

Според зборовите на блиски луѓе, Јована со месеци внимателно го планирала секој детаљ од свадбата, од фустанот и декорацијата до музиката и менито.

Нејзина најголема поддршка во организацијата е Милош, со кого ги донесува сите одлуки заедно.

– Ништо не остава на случајност. Таа сака секој детаљ да биде совршен, од венчаницата и декорациите до музиката и менито. За тоа размислува веќе со месеци. Милош ѝ е најголема поддршка и ѝ вели дека само сака таа да биде среќна. Двајцата ги донесуваат сите одлуки заедно и навистина функционираат како тим – рекол изворот.

Според наводите на изворите, двојката одлучила да се венча во манастирот Острог, место кое за Јована има посебна духовна симболика.

– Тоа била нивна заедничка одлука. Јована сакаше да се венча на место кое за неа има посебна духовна симболика. По црковната венчавка ќе следи интимна прослава на Свети Стефан, на која ќе присуствуваат само најтесниот круг на семејството и пријателите. Таа не сака голема свадба, туку елегантна прослава исполнета со емоции – заклучил изворот близок до водителката.

Инаку, водителката неодамна прослави девет месеци од врската со Милош.

 

 

Слични објави

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо
Се вчитува....