Српската водителка Сања Кужет летните денови ги минува со семејството во Дубровник, една од нејзините омилени дестинации на Јадранот. Моментите од одморот ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, а објавата за кратко време привлече големо внимание.

Сања објави серија фотографии на кои се гледа како ужива во капење и во семејни мигови, не криејќи колку ѝ годи одморот од бројните обврски.
View this post on Instagram
Сепак, најголемо внимание привлекоа фотографиите на кои водителката позира во костим за капење. Следбениците не го криеја воодушевувањето од нејзиниот изглед, па под објавата се нижеа бројни комплименти за нејзината витка фигура.
Многумина коментираа дека Сања изгледа беспрекорно и дека е тешко да се поверува дека зад себе има дури три породувања. „Изгледаш неверојатно“, „Совршена фигура“, „Никогаш поубава“ – беа само дел од коментарите под објавата.

Познато е дека Сања води сметка за здравиот начин на живот, редовно вежба и се храни урамнотежено, а фотографиите од летувањето уште еднаш потврдија дека е во одлична форма.
