10:01 - 14 септември, 2026

„Прија нема притисок, а јас кога ќе закажам концерт – влегувам во војна“: Јелена Карлеуша за пеколот што го преживува на естрадата

Јелена Карлеуша во интервју за емисијата „Старс специјал“ искрено проговори за поддршката што ја добива од колегите, притисоците со кои се соочувала во изминатите години, односот со поранешниот сопруг Душко Тошиќ, ќерките Атина и Ника, како и за долго најавуваниот концерт.

Пејачката истакна дека за првпат по повеќе од три децении кариера чувствува отворена поддршка од колегите од естрадата.

„Кога станува збор за пејачите, никогаш не сум имала ваква поддршка. Никогаш за триесет и кусур години не ме поддржале како сега. Причината е што конечно ја увидоа големата неправда. Им благодарам на сите што ми дадоа ветер во грб“, рече Карлеуша.

Таа зборуваше и за критиките и нападите на кои, како што тврди, била изложена.

„Изнесувањето свое мислење не значи дека им правиш зло на другите. Мене ми доаѓаа на работа да ме гаѓаат со петарди, камења и експлозивни направи. Јас никогаш никому не сум му го направила тоа“, изјави таа.

Карлеуша откри и совет што го добила од својата мајка, а кој, како што вели, засекогаш ѝ останал во сеќавање.

„Мајка ми ми рече: ‘Личноста што ќе ти понуди дрога е твојот најголем непријател.’ Тоа толку силно ми се врежа што, кога првпат ми беше понудена дрога од човек што многу го сакав, тој за мене повеќе не постоеше“, раскажа пејачката.

Осврнувајќи се на концертот што долго време го најавуваше, Карлеуша призна дека во моментов нема желба да го организира.

„Минатата година сакав 30 години кариера да ги крунисам со голем концерт, но не ми се даде, најмногу поради големата неправда. Одлучив повеќе да не најавувам концерт. Не сакам повеќе да војувам. Кога ќе закажам концерт, влегувам во војна, а мене веќе не ми се војува“, рече таа.

На крајот од интервјуто му ја честиташе најавата за концерт на Миланче Радосављевиќ, признавајќи дека некои нејзини коментари од музичките натпревари биле дел од телевизиско шоу.

„Му честитам на Миланчето. На 82 години сметам дека е успех воопшто да си жив. Секоја чест“, изјави Јелена Карлеуша.

Слични објави

Тања Савиќ ја трогна јавноста со желбата повторно да стане мајка: „Би плачела од среќа ако забременам“.

Еспресо

(Фото) „Време е да се пензионирам“: Елена Реи се повлекува од модниот свет, па покажа како ужива во последните летни денови

Еспресо

Хороскоп за 14 септември: Раковите ги очекува искрен разговор, Вагите ќе имаат неочекувани трошоци

Еспресо

Ја паметиме како убавицата од спотот на Здравко Чолиќ — „Српската Хали Бери“ денес живее далеку од јавноста

Еспресо

(Фото) Семејна авантура во Париз — Атанас Атанасовски со сопругата и децата уживаше во Дизниленд

Еспресо

„Оди на психолог за одвикнување“: Синот на српската актерка играл видеоигри по осум часа дневно

Еспресо
Се вчитува....