14.8 C
Скопје
19:23 - 25 октомври, 2026

По најавите за колективна тужба, Дино Мерлин се огласи: „Ќе останат овие…“

Откако дел од посетителите најавија колективна тужба поради организацијата на неговите концерти на стадионот „Кошево“ во Сараево, Дино Мерлин се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на својата публика.

Во изминатите три вечери пејачот одржа концерти пред десетици илјади луѓе, но дел од посетителите тврдат дека, иако купиле влезници, не успеале да влезат на стадионот поради големиот метеж и затворените влезови.

Мерлин не се осврна директно на обвинувањата, туку сподели емотивна порака инспирирана од стихови од својата песна „Сито“.

„Кога мојот живот малку ќе се просее, па на врвот ќе остане она најкрупното, ќе останат овие наши… три ноќи“, напиша тој.

Потоа додаде:

„Ти благодарам, Сараево! Ти благодарам што се чувствував толку добредојдено, толку блиску до дома.“


Во меѓувреме, на социјалните мрежи се огласи и една посетителка, која тврди дека купила четири влезници од официјалниот дистрибутер, но сепак не успеала да влезе на концертот.

Според нејзините тврдења, таа и уште илјадници луѓе останале пред влезот за партерот бидејќи стадионот бил исполнет, а вратите биле затворени. Таа најави формирање група за колективна тужба против организаторот на концертот и компанијата што ги продавала билетите.

Засега нема официјална информација дали против организаторите навистина е поднесена колективна тужба.

Слични објави

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.

На четири хороскопски знаци во ноември ќе им се исполнат долгоочекуваните желби — конечно доаѓа периодот што го чекаа

К.С.
Се вчитува....