21:52 - 11 ноември, 2026

Јордан Митев по 25 години случајно ја пронајде ученичката книшка и се потсети на едно поинакво време

Фолк-пејачот Јордан Митев сподели интересна и носталгична објава откако по 25 години случајно ја пронашол својата ученичка книшка. Фотографиите од книшката, во која се гледаат и неговите оценки од училишните денови, кај него разбудиле спомени, но го поттикнале и на порака за вредноста на образованието и знаењето.

Митев, кој потекнува од радовишкото село Подареш, објави фотографии од старата ученичка книшка и се потсети на времето кога бил ученик.

„Кога случајно ќе си ја најдеш училишната книшката и ќе ти вратиш годините и спомените, и од 25 годишна дистанца ќе си кажеш, еј мали, дете на работникот, добар си бил, си научил многу работи но не си научил една важна работа, а тоа е што оваа твоја книшка, без партиска книшка вреди – 50% па и повеќе“, напиша Митев во објавата на Фејсбук.

Јордан Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш, а потекнува од Подареш, каде што го завршил основното образование. Образованието го продолжил во Радовиш, а потоа и во музичкото училиште во Штип. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а освен како пејач и кантавтор, познат е и како инструменталист кој свири на повеќе инструменти.

Со години е меѓу најпопуларните македонски фолк-пејачи, а голем дел од песните сам ги создава. Во интервју за „Слободен печат“ во јануари годинава, Митев зборуваше и за својот пат до успехот, нагласувајќи дека зад она што публиката денес го гледа стојат многу години работа и истрајност. Во истото интервју рече дека во својата музика внесува дел од сопствениот живот и дека „секој вистински уметник дава дел од себе и од својот живот во својата уметност“.

Последниот период за него е исполнет и со семејна среќа. Со сопругата Славица ја имаат ќерката Кристина, родена во 2023 година, а во септември 2025 година станаа родители и на синот Кристијан. На него Митев му ја посвети песната „Сине, сине мој“, додека претходно напиша песна и за својата ќерка.

Тој откри дека тој и Славица поминале низ долг и тежок период додека чекале да станат родители, а доаѓањето на нивната ќерка го опиша како светлина по годините исполнети со турбуленции.

 

Слични објави

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova
Се вчитува....