6.8 C
Скопје
09:00 - 1 април, 2026

Јоце Панов со тажна исповед: Детството ми заврши кога татко ми почина пред моите очи

Пејачот и професор по музичко образование, Јоце Панов, во интервју за емисијата „Животна приказна“ отвори едно болно, но искрено поглавје од својот живот — детството што прерано му било одземено поради смртта на неговиот татко.

Иако јавноста го знае како музичар со долга кариера и големо срце, Јоце раскажа дека зад насмевката се крие приказна исполнета со болка, љубов и неизмерна благодарност кон својата мајка, која по трагедијата станала вистински столб на семејството.

„Татко ми почина ненадејно, на само 49 години, од мозочен удар. Уште ми е пред очи моментот кога стоев надвор во темнината и ја чекав брзата помош. Мислам дека тоа беше крајот на моето детство — тогаш сфатив дека морам да бидам силен,“ раскажа пејачот.

Тој откри дека родителите го чекале цели 11 години — мајка му повеќепати останувала бремена, но несреќно ги губела бебињата.

„Јас сум осмото зачнато дете, а првото родено,“ раскажува со благодарност. По него се родиле и брат и сестра, но судбината повторно го ставила семејството на тежок испит.

„Кога татко ми почина, мајка ми остана сама со три деца. Работеше двократно, а за викенди одеше да чисти станови и куќи. Сето тоа го правеше за нè — да нè извлече, да имаме иднина. Таа беше неверојатна жена,“ со гордост вели Панов.

Во 2017 година, пејачот ја изгубил и мајка си — уште една длабока рана која, како што признава, никогаш нема да заздрави.

„Како да чекаше да се средам во животот. Само што купив свој стан и ја запросив Марина. Сакаше да поужива малку, но не стигна,“ рече со тага.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....