15:37 - 11 декември, 2025

Јелена Карлеуша призна дека банкротирала и проговори за колегите: „Пејачите се најчесни луѓе!“

Пејачката Јелена Карлеуша, по цели 25 години, повторно се најде на снимање на новогодишна програма со голем број колеги. Во студиото на „Пинк“ се појави во елегантен бел фустан, а како и секогаш, сите погледи беа вперени само во неа.

„Морам искрено да кажам дека ми е страв од многу пејачи на едно место. Цел ден сум вознемирена, да не звучи чудно, но кога сум во просторија со толку пејачи – малку ми е непријатно. Ќе видите како изгледам како вистинска социјална колешка. Ќе отпеам три песни – ‘Инсомниа’, веројатно во дует со Ѓани, ‘Слатка мала’ и ‘Жене воле дијаманте’, моите големи хитови“, рече Карлеуша, пофалувајќи ја Вики Милковиќ и нејзиниот сопруг, кои се задолжени за музичкиот дел на програмата.

„Пејачите се најчесни, а ги третираат како криминалци“

Говорејќи за ситуацијата со работните дозволи и настапите на естрадата, Јелена истакна дека ѝ е драго што колегите почнале да ја слушаат и да водат сметка за документацијата.

„Време е пејачите да почнат да се ценат себеси и она што го носат во целиот синџир на заработка. Ова е џунгла, а ние сме тие што носат најмногу пари, а секогаш најлошо поминуваме. Гледате што се случува со Лукас, па и со мене. Какви напади доживувам на концерти, како не бркаат како криминалци, а пејачите се најчесни и најнормални луѓе кои крваво работат“, објасни таа.

Јелена додаде дека пејачите често се потценети:

„Две години во пандемијата не работевме, сите други добија помош – ние не. Глумците се третираат како повисока каста, големи уметници и интелектуалци, а пејачите како работна сила која треба да молчи и да биде среќна што постои. Добро е што конечно почнаа да се ценат и да не дозволуваат да ги апсат како бедници на бина. Мене ме сметаат за ‘кучка’ затоа што не дозволувам да се појавам ако не е сè испочитувано.“

Карлеуша се наврати и на годината што изминува:

„Ако ја исклучиме 2019, кога ми почина мајка и кога цела планета ги гледаше моите голи фотографии, 2025 е најлошата година во мојот живот – и приватно и професионално. Година во која останав без многу луѓе и пријатели кои ми свртеа грб. Останаа само најверните. Верувам дека 2026 мора да биде подобра, затоа што полоша од оваа не може.“

На крајот проговори и за својата финансиска состојба:

„Не сум тип што штеди. Секој денар го вложувам назад во мојата работа. Да имав некоја паричка на страна… немам. Ако сега ви го покажам мојот банкарски извод, мислам дека вие стоите подобро од мене“, призна Карлеуша пред медиумите.

Слични објави

Убави вести од Јордан Митев: Пејачот објави детали

msp-admin

„Кога е испровоциран, настанува хаос“: Теа Таировиќ ја открива другата страна од нејзиниот брак

Еспресо

(Фото) Нема позгодна баба од неа: По долго време, во јавноста се појави Даниела Темелковска

msp-admin

(Фото) Прослава во домот на Гога Секулиќ: Пејачката со емотивна објава му го честиташе најважниот ден на својот син

Еспресо

Влатко Миладиновски пред нов предизвик: Ќе пеам колку и да бара публиката на 28 декември

msp-admin

(Фото) Холивудски гламур: Ваква не сме ја виделе Сузана Гавазова

msp-admin
Се вчитува....