17.8 C
Скопје
20:04 - 21 октомври, 2026

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Српската пејачка Јелена Карлеуша, загрижена за безбедноста на своите ќерки Атина и Ника Тошиќ, наводно итно отпатувала во Милано, откако во италијанскиот град избиле немири и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Пејачката претходно се огласила на социјалната мрежа Икс (X), каде што споделила снимка од улиците на градот, во кој моментално престојуваат нејзините ќерки.

Карлеуша не го криела вознемирувањето поради сцените што ги видела на снимката, на која се забележуваат голем број луѓе на улиците и засилено присуство на полициски сили.

„Моите ќерки во Милано, минуваат низ улици преполни со Африканци и Арапи, додека полициски кордони има на секој чекор“, напишала пејачката на социјалната мрежа.

Објавата предизвикала бројни реакции и коментари меѓу нејзините следбеници. Според медиумските извештаи, Карлеуша тешко ги поднела информациите за немирите и решила да отпатува кај ќерките за да биде со нив додека ситуацијата не се смири и не се стави под контрола.

Според написот на српскиот портал, во Милано за време на викендот избиле сериозни немири по протести поврзани со зголемените трошоци за живот и незадоволството од јавните услуги.

Демонстрациите прераснале во судири со полицијата, а во центарот на градот биле искршени излози и ограбени продавници. Насилството продолжило и во текот на следниот ден.

Групи млади луѓе се собирале во близина на плоштадот Дуомо и улицата Виа Торино. На некои локации биле оштетени излозите, уништен инвентарот на угостителските објекти и ограбени продавници.

Полицијата интервенирала со солзавец и водени топови, додека во делови од центарот било засилено обезбедувањето.

Настаните предизвикале загриженост и кај трговците. Некои продавници во централното градско подрачје во понеделникот затвориле порано од вообичаеното, а луксузните бутици на улицата Виа Монтенаполеоне превентивно ја отстранувале стоката од излозите.

Италијанските власти најавиле дополнителни безбедносни мерки, меѓу кои и план за испраќање 500 војници во Милано.

Постарата ќерка на Карлеуша неодамна ги започнала студиите во Милано, каде што живее во изнајмен стан со цимерка. Пејачката претходно зборувала за тоа како Атина се приспособува на животот во Италија и објаснила како со поранешниот сопруг, Душко Тошиќ, ги покриваат трошоците за нејзиниот престој.

Во гостување во поткастот „Естраден лексикон“, Карлеуша открила дека станот не го купиле, туку го изнајмиле, а трошоците ги делат.

„Таа има цимерка со која ги дели трошоците за станот. Ние го изнајмивме станот, не го купивме, нема да го лажеме народот, бидејќи од каде ни се тие пари? Станот е изнајмен, таа има цимерка и ги делиме трошоците. Скромно живее, оди со велосипед и така“, изјавила пејачката.

Засега, според објавените информации, не се наведуваат дополнителни детали за престојот на Карлеуша во Милано ниту за тоа колку долго планира да остане со своите ќерки.

 

Слични објави

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova
Се вчитува....