02:12 - 5 април, 2026

Јелена Карлеуша бара смртна казна за масовниот убиец од Младеновац: „Некој кој од лудило одзема толку животи не заслужува живот“

Некој кој поради лудило одзема толку животи не заслужува живот и неговото постоење на оваа планета повеќе нема цел, истакнува српската пејачка.

Јелена Карлеуша се огласи на Инстаграм каде објави фотографија од масовниот убиец од Младеновац, Србија, и побара смртна казна за него.

Ова е уште една во низата грозоморни трагедии кои ја снајдоа Србија во изминатите два дена, а бројни јавни личности на своите профили на социјалните мрежи ја изразија својата тага поради овој немил настан.

– Мислев дека никогаш нема да го напишам ова, но ова суштество не заслужува да живее и еден ден да се врати во заедницата – напишала Јелена.

Таа додаде дека „ова суштество и чудовиште не може да се рехабилитира и затоа заслужува смртна казна“.

– Некој кој од лудило одзема толку многу животи не заслужува живот и неговото постоење на оваа планета повеќе нема цел – истакна пејачката.

Потсетуваме, во нападот што се случи во четвртокот вечерта во Младеновац, во две околни села,  загинаа осум лица. Меѓу жртвите има полицаец (20), неговата сестра и уште еден млад човек (21), а има 13 ранети, како што пренесуваат српските медиуми.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....